Од почетокот на војната помагачите и имаат испорачано на Украина 471 тенк, а уште 286 треба допрва да пристигнат. Оваа бројка во комбинација со статистиката за изгубена или заробена опрема што ја води Орикс групата, покажува дека украинската тенковска флота е зголемена од почетокот на војната, додека руската е преполовена.
Во исто време има намалување на разликата и кај артилеријата и повеќецевните ракетофрлачи.
Првиот човек на британскиот генералштаб, адмирал Тони Радакин, во своето сведочење пред Парламентот го даде следниот попис на руски загуби:
„Русија изгуби речиси половина од борбената ефикасност на својата армија.
Минатата година таа истрела 10 милиони артилериски гранати, но во најдобар случај годишно може да произведе 1 милион гранати. Таа изгуби 2.500 тенкови, а во најдобар случај може да произведе 200 тенкови годишно.“
Според Орикс кој ги евидентира само загубите кои може да ги потврди, од почетокот на војната има 2.082 руски тенкови кои се уништени, оштетени, напуштени или заробени. Москва војната ја почнува со 3.417 тенкови, бројка од лондонскиот Меѓународен институт за стратешки студии.
Јохан Мајкл, од истиот институт, проценува дека Украина добро ја минала првата година од војната и нема изгубено нешто страшно многу тенкови, иако украинските загуби далеку помалку се следат од руските.
Кога се пресметуваат достапните тенкови, сериозна разлика прави и тоа што Русија и понатаму мора да задржи значителен дел од оклопот на своја територија за одбрана на сопствената граница која е најголема на свет.
Од друга страна, иако изедначеноста е добредојдена за Украинците, таа не е одлучувачка.
„Проблемот за Украина е што таа сега треба да освои територија, па е во офанзива против добро подготвена одбрана, а за тоа ти треба сериозна предност,“ објаснил Мајкл.