Вести

Луѓе завршуваат „под скалпел“ и кога не мора

Повеќето од стотиците милиони хируршки зафати годишно спасуваат животи. Но, откако зачестија лажните операции заради споредба на ефектите, се покажа дека многу зафати кои не се прашање на живот или смрт всушност не се ништо подобри од природното заздравување. Некои дури и ја влошуваат состојбата на пациентот, а не го продолжуваат неговиот животен век.

Пет членки на ЕУ најавија план за итна депортација на азиланти

Данска, Австрија, Грција, Германија и Холандија во првата половина од идната година ќе воспостават пилот-проект за итна депортација на баратели на азил чии барања се одбиени во ЕУ. Се очекува да бидат склучени договори со Руанда, Уганда и Узбекистан за да ги примат азилантите. Бројот на депортирани лица нема да биде голем, но би имал ефект на одвраќање.

ЕУ крева антидемократски штит

Битката за слободата на говорот во Европа веќе не се однесува само на тоа што на луѓето законски им е дозволено да го кажат. Сега станува збор за нешто пошироко: кој одлучува што може да видат, кому треба да му веруваат и кои идеи се класифицирани како ризици, сето тоа сервирано како „борба против дезинформациите“.

Речник

И роботот од главата си пати

Тесла сериозно ги зголеми капацитетите за производство на роботот Оптимус но во меѓувреме сфати дека обемот не е главниот проблем. Роботот знае да беспрекорно да извршува комплицирани задачи за кои имал обука но паѓа на базични, генерални задачи. Ќе му кажеш да ти донесе пиво од фрижидер, тој ќе ти донесе Газоза.    

Кремљ ги натера компаниите самите да се бранат од украински дронови

Кремљ ги притисна руските компании самите да придонесат за сопствената одбрана од украински дронови. Оние што ќе изнајмат противвоздушни системи од војската ќе бидат ослободени од даноци. Оние што ќе одбијат може да бидат преземени од државата. На приватните стражари околу критичните објекти им се нудат високи плати и гаранции дека нема да бидат мобилизирани.

Израел знае да биде и маќеа

Израелското државјанство, како еден од столбовите на ционистичкиот проект, никогаш досега не им било одземено на Евреи. Нетанјаху сега бара да им биде одземено на авторите на шокантниот документарец „NAZA“ во кој се прикажани израелски злосторства во Газа. Режисерите стануваат „непријатели на еврејскиот народ“ и се третираат како „егзистенцијална закана“ за државата.

Пакистанец проба да отвори геј клуб во Пакистан. Проба.

Откако се разбра дека Пакистанец сака да го отвори првиот геј клуб во земјата, истиот по итна постапка е уапсен и завршил во болница за ментални болести.

А не викате, а?

Над 4.000 луѓе се пријавиле од кои биле примени само 117 за да се соберат на едно место во парк во Сеул, да седнат на душеци за јога и - да не прават апсолутно ништо. Онлајн публика гласа за тоа кој најнеправи ништо и кој изгледа најсмирено и најкул. А се мери и работата на срцето. Меѓу натпреварувачите имало и освојувач на олимписки медал.

Нвидиа стана поскапа компанија од Епл

Производителот на чипови, Нвидиа за прв пат го помина Епл по пазарна вредност и стана втората по вредност јавно тргувана компанија во САД откако ја надмина границата од 3.000 милијарди долари.

Кина агресивно во лов на западни пилоти

Кинеската војска се има дадено на регрутирање што е можно повеќе поранешни западни воени пилоти кои треба да послужат за обука на кинеската авијација, се жалат поранешните шефови на истите овие пилоти.

Америка жали по изгубениот монопол на државни удари

Русија е виновна за државните удари во африканскиот Сахел, заклучува анализа на врвен истражувач на Пентагон за Африка. Притоа се игнорира улогата на САД во обуката на водачите на овие бунтови и две децении неуспешната американска антитерористичка политика во регионот. Таму каде што „успеаја“, почна масовно да се гине.

Зошто сакаат да станат европратеници?

Се разбира, за да добијат шанса следните 4 години, сета своја енергија и знаење да ги посветат на добробит на Европа и европските граѓани. Има тука и по некоја странична ситница: плата од 10.000 евра месечно, покриени трошоци за канцеларија, дневници, патарини, службено возило, службени патувања, неслужбени патувања.... Малку ли е? Малку е, има уште.   

Гласачите бараат допинг тест за Бајден и Трамп пред дебатите

Значителен дел од анкетираните американски гласачи сметаат дека и двајцата кандидати треба да направат тест за користење на најразлични дозволени и недозволени супстанци пред дебатите на 27 јуни и 10 септември.

Ѓоковиќ е најголем на сите времиња затоа што беше и остана аутсајдер

Која е причината толку страсно и одважно да се мрази Новак Ѓоковиќ? Ѓоковиќ не е омразен само во Хрватска и само меѓу националистите. Исто толку го мразат и по странства, особено оние слободоумните западњаци. Тој има секта на негови хејтери и во левичарските и граѓански кругови на Белград и Србија. Но, зад него не стојат орди хулигани, црква или власт. Тој размислува и зборува на свој трошок.

Украина дреме во ред за обука на пилоти за Ф-16

Киев се повеќе се фрустрира од ограничениот американски капацитет за обука на пилоти. Американците пак објаснуваат дека имаат и други муштерии.

Русија ќе донира ракети со голем домет на држави што сакаат да удрат по Западот

Како што Украина доби НАТО оружје со голем домет и дозвола со истото да се гаѓаат мети во Русија, така и некои страни во светот заинтересирани да удрат по Западот ќе добијат руско оружје.

Лада ќе го покорува Дубаи

На барање на веројатно никого во Емиратите, Руски Автоваз во блиска иднина конечно ќе отвори свое претставништво во Обединетите Арапски Емирати и во него ќе биде преставена комплетната гама на компанијата.

На Британија не ѝ се оди во војна

Разликите меѓу двете главни британски партии за повеќето прашања од надворешната политика се речиси незабележливи нијанси. И Риши Сунак и Кир Стармер се обединети во нивната поддршка за Украина, посветени на континуираното право на Израел на самоодбрана и споделуваат сè повоинствен кон Кина. За нивна жал, ова е во спротивност со електоратот.

Осигурување нејќе да плати за Северен тек

Адвокатскиот тим што ги застапува осигурителните компании Лојд и Арч тврди дека со оглед на тоа што експлозиите на „Северен тек“ биле со поголема веројатност да бидат оркестрирани од влада отколку да не бидат оркестрирани од влада, тие немаат одговорност да платат за штетите на гасоводите. За да успеат со таа одбрана, компаниите веројатно ќе треба на суд да докажат кој ја извршил саботажата.

Ќе се сруши ли империјата за концертни билети?

Долго време, глобалната музичка индустрија пишти-вришти од лакомите такси кои ги наметнува гигантот Тикетмастер што последниве години ги направија билетите за светските концерти безобразно скапи да боли глава. Американскиот департмент за правда конечно се одважи да покрене истрага против Тикетмастер и нејзината мајка фирма Лајв Нејшн. Ќе успеат ли да стават крај на најголемите предатори во музичката индустрија?  

 

И зад затворени врати, на Бајден не му е добро

Кога Бајден во јануари има средба со лидерите на Конгресот околу помош за Украина, тој на моменти толку тивко зборува што не сите успеваат да го чујат, а во исто време чита од белешките за да направи некои очигледни поенти, паузирајќи на подолг период со затворени очи што дел од присутните се сомневаат дека тој да не заспал, пишува Вол стрит журнал.

На Газпром не му се погоди војната

Малку е веројатно дека Газпром ќе успее да ја надомести изгубената продажба на гас барем во следната деценија, се тврди во извештај изработен на барање на Газпром.

Американците изгласаа да се казни Меѓународниот кривичен суд

Во Претставничкиот дом на САД беше усвоен законот со кој се воведуваат санкции врз МКС затоа што обвинителот на МКС побара судот да пушти налог за апсење на Нетанјаху и други високи израелски функционери.

Израел се брани и со данок

Овие денови во Америка не треба многу за да бидеш обвинет за подржување тероризам, особено после налудничавиот закон по кој критиката на израелската држава се изедначува со антисемитизам. Медиуми, организации и поединци наголемо за кодошат за наводна поддршка за Хамас, без никакви докази. Тоа тешко може обвинител да го протне на суд. Ама, може нешто друго.

Како Америка од невнимателност создаде Оска на избегнување санкции

Од сето она што западните санкции и контрола на извоз требаа да постигнат во потчинување на непријателите на САД за сега само доведе до формирање на паралелна сива економија предводена од Кина, пишува Вол стрит журнал.

Основната обука во Украина едвај ги покрива основите

Украинските команданти кои се на теренот стравуваат дека најголемиот дел нови војници што земјата ќе успее да ги собере со новиот закон за регрутација ќе пристигнат на фронтот со слаба обука.

Англискиот станува втор јазик во Украина

Украинскиот парламент го изгласа законот со кој англискиот јазик станува задолжителен јазик за меѓународна комуникација, а познавањето на јазикот ќе биде услов вработување на голем број од позициите во власта и администрацијата.

Ковидот помина, вишокот смрт стоо

Можно е вакцините против ковид да се делумно виновни за порастот на таканаречениот вишок смртни случаи после пандемијата, сумира британски Телеграф пренесувајќи холандска анализа на податоци од 47 западни земји кои откриваат над три милиони вишок смртни случаи од 2020 година. А трендот продолжува. 

Ни помалку ни повеќе, препораката е Германија да регрутира 900.000 војници

Германија треба да почне со регрутација на 900.000 резервисти заради воинствениот став што го има Русија со Путин на чело, е препораката од претседателката на комитетот за одбрана на германскиот парламент.

Имање деца е кардиолошки проблем за мажи, ама па ги држи во живот

Татковците имаат полошо кардиоваскуларно здравје отколку мажите без деца, покажала една нова студија, која паметно решила да не проверува каков учинок во овој исход има жената / сопругата.