На Британија не ѝ се оди во војна

Разликите меѓу двете главни британски партии за повеќето прашања од надворешната политика се речиси незабележливи нијанси. И Риши Сунак и Кир Стармер се обединети во нивната поддршка за Украина, посветени на континуираното право на Израел на самоодбрана и споделуваат сè повоинствен кон Кина. За нивна жал, ова е во спротивност со електоратот.

Нова анкета меѓу британските гласачи открива видлив реализам кон надворешната политика што не се одразува во ниту една од главните партиски платформи.

Осумдесет години по Денот Д, на островот доминира јасен скептицизам кон странските авантури и потреба од  фокусирање на британските национални интереси, став кој значително се разликува од преовладувачкиот либерален интервенционизам од минатите децении.

Мнозинството гласачи (52%) веруваат дека „британската надворешна политика треба да биде фокусирана на она што е во интерес на Велика Британија, дури и ако тоа не е во интерес на другите земји“, во споредба со само 30% кои веруваат дека „британската надворешна политика треба да се обиде да го направи светот подобро место, дури и ако тоа има трошоци за Британија“. Првата опција им е подрага на мнозинството гласачи на двете главни партии.

Кога станува збор за конфликтите во странство генерално, само 7% од гласачите мислат дека Британија треба да биде поангажирана отколку што е моментално, додека 44% сметаат дека треба да олабави. Ова е јасен сигнал дека идеите на британскиот империјализам моментално не палат.

За Кир Стармер, најнезгодно прашање ќе биде Израел. Лабуристичките гласачи имаат многу покритички поглед на актуелната војна во Газа отколку нивниот лидер. На прашањето кого обвинуваат за војната, лабуристите ја избираат израелската влада пред Хамас, додека британските гласачи генерално повеќе го обвинуваат Хамас отколку Израел. 53% од лабуристите го поддржуваат гонењето на Нетанјаху од Меѓународниот кривичен суд и само 14% се против.

Оваа инклинација кон „реализам“ се протега и на ескалирачкиот судир меѓу Америка и Кина. 41% би се усогласувале со САД  но тоа сепак не е мнозинство.

Во сè поизолационистичкото расположение на британските гласачи сепак постои еден исклучок: Украина. Само мал дел од гласачите би претпочитале намалена улога на Британија или нејзино повлекување од тоа прашање. Гласачите би отфрлиле мировен договор со Русија, ако со тоа таа би добила посед на источните провинции на Украина и Крим, а има и значителна поддршка да ѝ се дозволи на Украина да истрела проектили на руска територија (40% во споредба со 22% против) и да одат Британци да помогнат во обуката на украинските сили (39% поддршка во споредба со 34% против).

Сепак, секоја сугестија за вклучување на британските војници во активна борба против Русија е целосно отфрлена, од апсолутно мнозинство од сите гласачи на политичките партии.

Само 15% би се согласиле нивните деца да земат оружје за да ја одбранат Полска од руска инвазија, 14% да ја бранат Франција од инвазија, 9% да ја бранат Украина и 7% да го бранат Тајван или Израел. Огромно мнозинство, помеѓу 71% и 82%, би се спротивставиле на тоа нивните деца да бидат повикани да загинат ако треба за некоја од овие каузи.

7 јуни 2024 - 11:35