Англискиот станува втор јазик во Украина

Украинскиот парламент го изгласа законот со кој англискиот јазик станува задолжителен јазик за меѓународна комуникација, а познавањето на јазикот ќе биде услов вработување на голем број од позициите во власта и администрацијата.

Новиот закон, на пример, бара од граничарите, цариниците, јавниот обвинител и полициските функционери да можат да комуницираат на англиски јазик, а службите за итна помош и здравствени услуги да бидат достапни и на англиски.

Законот ги опфаќа и веб-страните на државните институции и универзитети кои мора да имаат апдејтирана англиска верзија.

Целиот овој пакет ќе беше донесен многу порано меѓутоа неговата претходна верзија планираше забрана за синхронизирање на англиски филмови, и нивно проектирање на оригинален јазик со украински титлови. Ова доведе до голем број негативни реакции и петиција во која се бараше повлекување на членот што забранува надсинхронизација.

Студија спроведена од Киевскиот меѓународен институт за социологија во март 2023, покажува дека 51% од испитаниците имале некакво познавање од англискиот јазик, но само 23% можеле да читаат и да пишуваат англиски и да комуницираат на секојдневно ниво.

Втор најчесто познаван странски јазик во земјата бил полскиот, за кој 22% од испитаниците изјавиле дека имаат одредено ниво на познавање, а по него е германскиот со 14%. Рускиот јазик не бил вклучен во анкетата.

5 јуни 2024 - 09:44