Кван Јоон-ги, двоен освојувач на олимписко сребро во брзо лизгање бил еден од јужнокорејските натпреварувачи за тоа кој знае да биде најлабав. Имало и дете од второ одделение и возрасни луѓе во пензија.
Притоа, на сите им било мерено отчкувувањето на срцето кое, заедно со гласањето од публиката биле пресудни критериуми за тоа кој ќе замине со трофеј. Олимпиецот завршил како трети.
За многумина учесници, ова било шанса да се рекуперираат од прегореноста и стресот, најчесто од работа, бидејќи се работи за земја со високи академски очекувања и огромни општествени притисоци да се успее.
„Се пријавив затоа што постојано работам и сум под стрес, па ова ми се виде како начин да се издувам и да си дојдам на себе,“ вели 26 годишен Јутјубер.
Ова е 10-ти пат да се одржува „Space out“ натпреварот чии верзии во меѓувреме се појавија и во Пекинг, Ротердам, Тајпеј, Хонк Конг и Токио.
Овогодинешна победничка била фриленс најавувачка а трофејот е во форма на „Мислителот“ на Роден.
„Особено во Кореја која е толку конкурентна земја а луѓето мислат дека ако не направат нешто, заостануваат, многу е важно човек да си го најде своето темпо. Телото мора да се опушти а тоа можно само ако и мозокот се опушти“, порачува 35 годишната победничка.
Кај нас ваквите таленти вежбаат „на државно.“