Британските осигурителни компании тврдат дека немаат обврска да го испочитуваат нивното покривање на гасоводите Северен тек, кои беа кренати во воздух во септември 2022 година, бидејќи тој досега невиден чин на индустриска саботажа најверојатно го извршила (некоја?) национална влада.
Види: Северен тек во воздух го дигнаа Американците
Ова нивно тврдење оди контра наративите на Њујорк Тајмс, Вашингтон пост и други американски меинстрим медиуми кои тврдат дека приватен украински тим стои зад овој индустриски тероризам со кој, патем, во атмосферата беа испуштени 478.000 тони метан.
Види: Група незадоволни граѓани се одговорни за нападот на Северен тек, а не Америка
Компаниите се убедени дека ќе ја докажат веројатноста дека Северен тек е државно спонзорирано дигање во воздух, потсетувајќи дека штетата е настаната како директна или индиректна последица на конфликтот меѓу Русија и Украина поради што спаѓа под категоријата воени штети кои тие не ги покриваат.
[tweet:https://x.com/Erkperk/status/1780295791476605061]
Реакцијата на осигурителните компании доаѓа еден месец откако нивниот осигуреник, Нордстрим АГ, со седиште во Швајцарија, поднесе тужба поради неисплатеното обештетување.
Штетата на Северен тек се проценува на околу 1, 3 милијарди евра, а од осигурувањето се очекува да исплатат 400 милиони евра.
Види: Кога Русите не се криви, не е интересно