Поранешниот министер за одбрана на Полска им ја препиша на Соединетите Американски држави саботажата на Нордстрим 1 и 2, плиноводите кои носат гас од Русија за Германија.
За Радек Сикорски тоа е добар потег па на Американците им кажа фала.
Официјална Полска веднаш се огради од позицијата на Сикорски за која рече дека е ужасно неодговорно тврдење што ја загрозува безбедноста на Полска. И нормално, дека е руска пропаганда, пренесува Форбс.
Двата крака на Нордстрим се во Балтичкото море, Двојката беше завршена лани но Германија никогаш не ја отвори поради руската инвазија на Украина.
На седми февруари оваа година, американскиот претседател вети дека Северен тек нема да стане функционален ако Русија нападне.
Бајден: Ако влезат, нема да постои Северен тек 2. Ќе му ставиме крај на тоа.
Новинарка: Но, како тоа вие би го извеле кога проектот е под германска контрола?
Бајден: Ви ветувам, ќе знаеме како.
Еден ден по експлозијата Шпигел објави дека уште летоска германските власти добиле дојава од ЦИА дека има индикации дека се планира напад на двата крака на Северен тек под Балтичкото море.
Од експлозиите Северен тек 1 и 2, кои се полни со гас и покрај тоа што не го испорачуваат на Европа, протекуваат на 3 места. Првата експлозија се случува под море во близина на данскиот остров Борнхолм, а десетина часови подоцна има и втора посилна експлозија на североистокот од островот „еднаква на земјотрес од 2,3 степени“.