Имање деца е кардиолошки проблем за мажи, ама па ги држи во живот

Татковците имаат полошо кардиоваскуларно здравје отколку мажите без деца, покажала една нова студија, која паметно решила да не проверува каков учинок во овој исход има жената / сопругата.

Резултатите на студијата на Нортвестерн универзитетот значително варирале во зависност од етничката припадност и возраста на која мажот го добил првото дете. Пример, мажите кои станале татковци пред 25 годишна возраст имале полошо здравје од останатите татковци, и ова посебно било нагласено кај црнците и латиносите.

Студијата следи повеќе здравствени маркери, вклучително исхрана, вежбање, пушење, тежина, крвен притисок и шеќер. Хипотезата на студијата е дека стресот што доаѓа со родителството им отежнува на мажите да одржат здрав животен стил преку диета или вежбање, бидејќи децата им го исцрпуваат времето.

„Промените во кардиоваскуларното здравје што ги откривме покажуваат дека дополнителната грижа за децата и стресот од транзиционирање во татковство им отежнува на мажите да одржат здрав животен стил, како здрава исхрана и вежбање,“ објаснуваат истражувачите.

Тие објаснуваат дека кога маж станува татко на 25 години тој е финансиски помалку стабилен а и неговиот мозок не е толку возрасен, во исто време има послабо платена работа, и сето тоа предизвикува стрес кој не само што ти го влошува здравјето туку и не ти дозволува да се фокусираш на негово подобрување.

Истата студија доаѓа до еден парадоксален заклучок според кој и покрај тоа што татковците имаат полошо срцево здравје, на крај тие е помалку веројатно да умрат од мажите без деца, главно затоа што имаат поголема општествена поддршка (пример деца кои ги носат на доктор или ги тераат да одат на прегледи и терапии).

„Исто така откривме дека татковците имаат пониска стапка на депресивни симптоми од не-татковците, па менталното здравје исто така можеби придонесува за пониска стапка на смртност кај татковците,“ објаснуваат истражувачите од Нортвестерн.

4 јуни 2024 - 11:57