Вести

ЕУ крева антидемократски штит

Битката за слободата на говорот во Европа веќе не се однесува само на тоа што на луѓето законски им е дозволено да го кажат. Сега станува збор за нешто пошироко: кој одлучува што може да видат, кому треба да му веруваат и кои идеи се класифицирани како ризици, сето тоа сервирано како „борба против дезинформациите“.

И роботот од главата си пати

Тесла сериозно ги зголеми капацитетите за производство на роботот Оптимус но во меѓувреме сфати дека обемот не е главниот проблем. Роботот знае да беспрекорно да извршува комплицирани задачи за кои имал обука но паѓа на базични, генерални задачи. Ќе му кажеш да ти донесе пиво од фрижидер, тој ќе ти донесе Газоза.    

Кремљ ги натера компаниите самите да се бранат од украински дронови

Кремљ ги притисна руските компании самите да придонесат за сопствената одбрана од украински дронови. Оние што ќе изнајмат противвоздушни системи од војската ќе бидат ослободени од даноци. Оние што ќе одбијат може да бидат преземени од државата. На приватните стражари околу критичните објекти им се нудат високи плати и гаранции дека нема да бидат мобилизирани.

Речник

Израел знае да биде и маќеа

Израелското државјанство, како еден од столбовите на ционистичкиот проект, никогаш досега не им било одземено на Евреи. Нетанјаху сега бара да им биде одземено на авторите на шокантниот документарец „NAZA“ во кој се прикажани израелски злосторства во Газа. Режисерите стануваат „непријатели на еврејскиот народ“ и се третираат како „егзистенцијална закана“ за државата.

САД си заминаа од Ирак, Курдите нека се снаоѓаат со хаосот

Речиси две и пол децении по воената инвазија во која го соборија Садам Хусеин, американските сили целосно се повлекоа од Ирак. Овојпат, се чини, засекогаш. На Курдите, своите најцврсти сојузници во регионот, не само што не им обезбедија заштита, туку и ги изложија на нова закана од иранските милиции, кои одбиваат да се разоружат и ги засилуваат нападите.

Која е Трамповата елитна дипломатка во Атина?

Американска амбасадорка во Атина е Кимберли Гилфојл. Иако беше во брак со калифорнискиот гувернер Гавин Њусом, стана битно име во МАГА откако се вери со Трамп помладиот. Со себе често носи еден грчки лобист, но ако не ѝ се оди по ќеиф, знае да ги потсети Грците како падна романската влада и да им даде до знаење дека на Американците тоа им се може и во Атина. 

Десет (единаесет) теми за кои Асанж ни отвори очи

Не може човек да го суди Асанж што ги прифати условите на неговото пуштање на слобода после толку години егзил и притвор и прогон и закана со доживотен затвор, но длабоко неправедно и педерски е како Американците го принудија да признае едно од делата, односно да потпише дека е виновен. А не да не е виновен туку е заслужен за отворање на најголемиот прозорец во мрачните тајни на големата и валкана политика.

Чатгпт го реши Туринговиот тест

На испитувања извршени на Универзитетот Калифорнија, Сан Диего, Чатгпт во повеќе од половина од случаите успеал да увери луѓе дека разговараат со човек.

Данска воведува еколошки данок од 100 евра по крава

Владејачката данска коалиција се согласи на годишна давачка за сточарите за загадувањето со стакленички гасови што доаѓа од нивната стока, што ќе биде првиот карбон данок во земјоделството во светот.

Каде оди отпадот од мозокот?

Мозокот се состои од околу 170 милијарди клетки. Додека ги обавуваат своите секојдневни функции и задачи, тие истовремено создаваат и доста отпад. За да остане здрав, мозокот треба да го исплакне сиот тој отпад. До сега беше мистерија како и каде оди ѓубрето од  мозочната активност. Два научни тима и три трудови го опишуваат канализациониот систем на нашите мозоци чие нарушување води до Алцхајмер и други белји.

Денот кога умре сонот за вештачката интелигенција

Професорот Нолен Герц, автор на „Нихилизмот и технологијата“ го спори доминантниот оптимизам кон вештачката интелигенција, сугерирајќи дека нашето потпирање на неа е помалку за решавање на проблемите, а повеќе за бегство од суровите реалности на нашето време. Дали ВИ е навистина нашиот спасител или само умешно одвлекување на вниманието од реалните глобални кризи?

Мигранти без државјанство на големо добиваат формулари за гласање во САД

Канцелариите за социјална помош и други агенции во 49 американски сојузни држави почнале да им издаваат формулари за гласање на изборите во ноември на мигранти без воопшто да им побараат доказ за американско државјанство.

Струјата можела да биде и побрза

Замислете вашиот мртов лаптоп или телефон да може да се наполни за само една минута а електричиот автомобил да биде полн за десет Може да звучи како научна фантастика, но ново истражување од тим научници од Универзитетот во Колорадо сугерира дека такво решение е на повидок. На физиката на помош ѝ притрчала хемијата.

Ако не биде Макрон, ќе биде граѓанска војна

Доколку на парламентарните избори во Франција победи нешто крајно, без разлика дали десно или лево, тоа би можело да предизвика граѓанска војна во Франција, предупредува лидерот на ни крајно левата ни крајно десната опција во земјата, Емануел Макрон.

На Трамп му е испорачан план за присилување на Украина да преговара со Русија, и обратно

Двајца клучни советници на Доналд Трамп му изработиле план за ставање крај на војната во Украина кој се базира на прекинување на воената помош се додека Киев не прифати да започне мировни преговори со Москва.

Париз 2024 што сака нека прави со екологија, Америка ќе им става клими на Олимпијците

Планот на организаторот на Летната Олимпијада 2024 да го намали загадувањето од Игрите со тоа што во ниту една соба во Олимпиското село нема да има клима уреди, само што беше нарушен со стотици клима уреди кои САД ќе ги инсталираат во собите на своите спортисти. САД обично ја имаат најбројната репрезентација на Олимпијадите.

Кој ќе оди во Турција на пресадување да олабави со енергетски пијалаци

Турски хирурзи за трансплантација на коса на своите пациенти почнале да им препорачуваат да прекинат со пиење енергетски пијалаци бидејќи тие им одмагаат во каузата заради која се дојдени.

Како градските улици им ги препуштивме на гласните шупаци

Аудио загадувањето од прегласните коли и особено мотори е проблем кој го делат многу градови, булевари и улици, од Партизанска во Скопје до Сиетл или Калифорнија каде инфантилните дебили кратат ауспуси за да прават што поголема бучава. Можеби решението е да да се изнајмат 20-тина билборди на кои би пишувало „Колку погласен мотор, толку помал пенис“.

Асанж излезе од затвор и ја напушти Британија

Џулијан Асанж е ослободен од затворот во Велика Британија и веќе е качен на авион, откако успеа да постигне спогодба со американското обвинителство.

Не можеш против стадото, макар тоа било и научничко

Приказна за еден научен труд објавен во едно од најпрестижните научни магазини на светот. Проблемот настанува кога главниот истражувач призна дека истражувањето намерно било фокусирано на она што има најголеми шанси да им фати око на уредниците: апокалиптичниот наратив дека климатските промени се катастрофални. 

Навреда посилна од силување

Германија, ЕУ, Западна цивилизација, 2024 година: Млада жена која „навредила“ мигрант кој учествувал во групно силување на малолетно девојче добила подолга затворска казна од самите силувачи. Вака ЗНМ и други гранташки борци против навреди и говор на омраза ја замислуваат иднината?

Најмалку 1.300 луѓе умреа на аџилак

Годинашниот аџилак во Мека се случува сред топлински бран за време на кој во повеќе наврати температурите надминаа 50 степени Целзиусови. Најголемиот дел од загинатите се аџии кои решаваат да испешачат големи дистанци сред горештините.

Украинците или да се фатат за работа или да го фатат патот дома

Социјалната помош што украинските бегалци ја добиваат во Германија е итна мерка која треба да ја помогне нивната ситуација, меѓутоа по две години војна, таа како да ја спречува нивната желба да најдат работа, порачува член на Бундестагот.

Американското пристаниште во Газа од 230 милиони долари работеше само 10 дена

Како дел од праксата многу помош за Израел, ама малку и за Палестинците, Американците изградија пристаниште во Газа преку кое требаше да пристигнува хуманитарна помош за тамошното население. Само што го ставија почна да попушта, и во јули веројатно ќе го тргаат.

И Трамп знае да почасти странци

Познат по својата тврда анти-имиграциска политика и реторика, поранешниот американски претстедател извади од ракав за многумина неочекувана понуда за младите странци кои студираат таму. Трамп вели дека сите млади од странство кои ќе завршат на американски факултет, автоматски треба да добијат зелена карта, односно дозвола за работа.  

Словачка истрага дали е велепредавство донирањето авиони за Украина

Словачката влада побара од полицијата да спроведе истрага против поранешниот кабинет и министер за одбрана Јарослав Над за донирањето борбени авиони и систем за противвоздушна одбрана на Украина. Новата власт оценува дека со тоа земјата и нејзиниот воздушен простор биле оставени без одбрана што може да се смета за велепредавство.

Барселона забранува рентање станови на странци

Главната шпанска туристичка дестинација за одмор најави дека до 2028 година ќе забрани изнајмување станови за туристи. Градоначалникот се реши на ваков неочекувано драстичен потег во обид да ги заузда високите трошоци за домување и да го направи градот место во кое можат да живеат првенствено неговите жители.

Грција воведува шестдневна работна недела

Во речиси сите држави на Европа се тежнее кон пократка, четиридневна работна недела, но грчката влада реши да ја продолжи работната недела и на шестиот ден - ако така посака работодавецот. Вработените тука никој ништо не ги прашува. Грците можат лесно да се вработат во масовно развиениот сектор на туризмот но обично викаат - не, фала.

Кинезите бараат царинска вратка за колите од ЕУ

Кинеските автомобилски компании го повикале официјален Пекинг да ги дрмне конкурентите од Европската унија со увозни даноци до 25 отсто доколку ЕУ ја реализира заканата и воведе царини за возила од Кина. Кинезиве друи се и галантни со оглед на тоа што Европејците се заканија со давачки од 38 проценти.

Германија размислува да крати бенефиции за украински бегалци

Една од коалиционите партнерки на Олаф Шолц, Слободната демократска партија ѝ се придружи на конзервативната коалиција во нејзиниот повик да се скратат бенефициите за дојденците од Украина, избегани од војната во нивната татковина. Другите во коалицијата ја отфрлија идејата но ставот на Слободните демократи е сигнал дека таа таму допрва ќе зрее.