Трудовите објавени во списанието Nature, сугерираат дека за време на спиењето, бавни електрични бранови ја туркаат течноста околу клетките од длабокото во мозокот кон неговата површина. Таму, софистициран интерфејс овозможува отпадните производи во таа течност да се апсорбираат во лимфниот систем и крвотокот, што ги носи до црниот дроб и бубрезите за да се отстранат од телото.
Еден од отпадните производи што се дислоцираат е амилоидот, супстанцата која формира лепливи наслаги во мозокот на пациентите со Алцхајмерова болест. Има сè повеќе докази дека кај Алцхајмеровата болест, системот за отстранување на отпадот од мозокот е нарушен.
Новите наоди треба да им помогнат на истражувачите да разберат точно каде е проблемот и можеби да го поправат, вели Џефри Илиф кој проучува невродегенеративни болести. „Ако ја вратиме дренажата, дали можеме да го спречиме развојот на Алцхајмерова болест? се прашува тој.
Се покажало дека бавни електрични бранови за време на спиењето дејствуваат како сигнал, синхронизирајќи ја активноста на невроните и трансформирајќи ги во ситни пумпи кои туркаат течност кон површината на мозокот, се наведува во еден од трудовите.
Нарушениот систен за отстранување на отпадот, освен за Алцхајмер, може да биде фактор за Паркинсонова болест, главоболка, па дури и депресија. Наоѓањето начини да му се помогне на мозокот да се исчисти - можеби со поттикнување на тие бавни електрични бранови - може да спречи широк спектар на нарушувања.