Основачот на Викиликс се согласил да прифати вина за шпионажа по само една точка за обвинението, односно заговор за стекнување и пуштање во оптек на доверливи документи од американската национална одбрана.
По ослободувањето од затвор тој е директно префрлен на аеродром и заминува од земјата. Во среда Асанж треба да се појави на суд во Саипан, американска територија на Пацификот, каде ќе биде осуден на 62 месеци, кои веќе ги одлежа.
Неговиот авион слетува во Бангкок за да наполни гориво, по што продолжува кон Саипан. Откако таму ќе заврши сослушувањето, тој повторно се враќа во Австралија.
Асанж повеќе од 12 години се бореше против екстрадиција во САД, од кои последните пет беше во затвор во Британија.