Стани Цаци да те види истрага

Словачка истрага дали е велепредавство донирањето авиони за Украина

Словачката влада побара од полицијата да спроведе истрага против поранешниот кабинет и министер за одбрана Јарослав Над за донирањето борбени авиони и систем за противвоздушна одбрана на Украина. Новата власт оценува дека со тоа земјата и нејзиниот воздушен простор биле оставени без одбрана што може да се смета за велепредавство.

Претходната словачка влада минатата година донираше десетина ловци МиГ-29 од руско производство како и систем за воздушна одбрана КУБ.

„Донирањето на системот за противвоздушна одбрана го изложи словачкиот воздушен простор и ги загрози граѓаните“, смета Огор Мелихер, државен секретар во Министерството за одбрана и член на владејачката партија. „Убеден сум дека Над ја предаде Словачка“.

Еден од аргументите на Мелихер е дека потегот бил повлечен кога владата била во „технички мод“ и имала ограничени овластувања за носење одлуки во надворешната политика.

Поранешниот министер за одбрана отфрли одговорност за ваквиот потег и рече дека повторно би донел таква одлука. Неговите политички сојузници оценија дека за време на неговиот мандат тој бил “проактивен и професионален“.

Епизодава е симптом на силно поларизираната словачка политичка сцена. Актуелниот премиер Роберт Фицо ги обвинуваше своите претходници дека воделе политички прогон против неговата партија кога беа во опозиција. Неговиот кабинет ја укина единицата на специјалното обвинителство за корупцијата, го смени клучниот полициски персонал и презеде чекори за замена на менаџментот со јавните медиуми.

Инаку, земјата допрва треба да добие ловци Ф-16 да ги заменат Миговите.

*******

На тема „Стани Цаци

 

23 јуни 2024 - 09:40