Просечната температура во Париз на почетокот од август е 26 степени Целзиусови. Намерата на организаторот е собите на бидат на температура од 23 до 26 степени, а за разладување ќе има вентилатори и нешто налик подно ладење.
Ваквиот план градоначалничката на Париз, Ан Хидалго, го објасни со „сакам игрите во Париз да бидат пример за еколошка гледна точка.“
Наспроти ова е првиот човек на американскиот олимписки комитет, Сара Хиршленд, која порачува дека сепак се на натпревар и дека сепак важни се перформансите на спортистите:
„Како што можете да замислите ова е период во кој конзистентноста и предвидливоста се клучни за резултатите на Тим САД.
Во нашите разговори со спортистите, ова имаше многу висок приоритет и нешто што спортистите веруваа дека е клучна компонента за нивните перформанси.“
Минатиот месец беше објавено дека Германија, Италија, Австралија, Канада и Британија исто така планираат да почнат да монтираат клими.
Во Олимпиското село се очекува да бидат сместени околу 15.000 спортисти и судии.