Вести

ЕУ крева антидемократски штит

Битката за слободата на говорот во Европа веќе не се однесува само на тоа што на луѓето законски им е дозволено да го кажат. Сега станува збор за нешто пошироко: кој одлучува што може да видат, кому треба да му веруваат и кои идеи се класифицирани како ризици, сето тоа сервирано како „борба против дезинформациите“.

И роботот од главата си пати

Тесла сериозно ги зголеми капацитетите за производство на роботот Оптимус но во меѓувреме сфати дека обемот не е главниот проблем. Роботот знае да беспрекорно да извршува комплицирани задачи за кои имал обука но паѓа на базични, генерални задачи. Ќе му кажеш да ти донесе пиво од фрижидер, тој ќе ти донесе Газоза.    

Кремљ ги натера компаниите самите да се бранат од украински дронови

Кремљ ги притисна руските компании самите да придонесат за сопствената одбрана од украински дронови. Оние што ќе изнајмат противвоздушни системи од војската ќе бидат ослободени од даноци. Оние што ќе одбијат може да бидат преземени од државата. На приватните стражари околу критичните објекти им се нудат високи плати и гаранции дека нема да бидат мобилизирани.

Речник

Израел знае да биде и маќеа

Израелското државјанство, како еден од столбовите на ционистичкиот проект, никогаш досега не им било одземено на Евреи. Нетанјаху сега бара да им биде одземено на авторите на шокантниот документарец „NAZA“ во кој се прикажани израелски злосторства во Газа. Режисерите стануваат „непријатели на еврејскиот народ“ и се третираат како „егзистенцијална закана“ за државата.

САД си заминаа од Ирак, Курдите нека се снаоѓаат со хаосот

Речиси две и пол децении по воената инвазија во која го соборија Садам Хусеин, американските сили целосно се повлекоа од Ирак. Овојпат, се чини, засекогаш. На Курдите, своите најцврсти сојузници во регионот, не само што не им обезбедија заштита, туку и ги изложија на нова закана од иранските милиции, кои одбиваат да се разоружат и ги засилуваат нападите.

Која е Трамповата елитна дипломатка во Атина?

Американска амбасадорка во Атина е Кимберли Гилфојл. Иако беше во брак со калифорнискиот гувернер Гавин Њусом, стана битно име во МАГА откако се вери со Трамп помладиот. Со себе често носи еден грчки лобист, но ако не ѝ се оди по ќеиф, знае да ги потсети Грците како падна романската влада и да им даде до знаење дека на Американците тоа им се може и во Атина. 

Триатлонци хоспитализирани по пливање во Сена

Тоа што со месеци им го збореа и повторуваа на Французите, дека Сена никако не е подготвена за луѓе да пливаат во нејзе, сега има и официјална докторска потврда откако неколку триатлонци завршија во болница по пливање во реката.

Пиши Русите се криви

Немирите во Саутпорт во кои Британци, домородни, излегоа на улица и го истурија својот гнев откако 17-годишен мигрант уби 3 девојчиња и повреди уште неколку, британските медиуми почнаа да му ги препишуваат на Путин и негови ботови.

Балонот не е пукнат, ама на Менхетен се продаде зграда со попуст од 97,5%

Се работи за зграда од 23 ката, за која е проблематично дека е полна само 35% и тоа главно затоа што работодавците не можат да ги убедат вработените да дојдат на работа.

На Украина не и е сеедно што Москва и Западот договорија размена

Успехот на Москва и Вашингтон да ја договорат една од најголемите размени на затвореници и покрај тоа што двете страни се речиси на раб од војна, Киев го коментира со повторување на ветувањето на Бајден „Ништо за Украина без Украина.“

На Клуни му се станува претседател?

Џорџ Клуни беше една од најупадливите личности кои беа дел од притисокот врз Бајден да се повлече од претседателската трка, и тоа само неколку седмици откако на истиот тој Бајден му ја организираше една од најважните вечери за собирање пари за кампањата на која беа донирани рекордни 28 милиони долари.

Вечна литиумска батерија

Батерија која не може да работи цела вечност (ништо не е вечно) но сигурно може да го надживее сопственикот е нов изум на кинески научници. После година дена работа и 1.400 циклуси полнења и празнења, немало ни најмало намалување на капацитетот. Само што има еден услов: да работи на минус дваесет степени и да се полни малку.

Манчестер, банкрот, банкрот

Манчестер, фудбал, пабови, пиво. Во таква еко-средина дечко од Манчестер помислил дека има победничка идеја за нешто ново - да отвори безалкохолен паб. Ене го, затвора дуќан. Во иднина ќе држел безалкохолни поп-ап шанкови по венчавки. Немој некој да го излажал дека на наши венчавки пари би намлатил со таа идеја. 

Малку зорт и одма го заборавивте Моетот

Конгломератот ЛВМХ се пожали дека годинава заради општата депресија што владее во светот нивниот бизнис со вино и шампањ во првите 6 месеци паднал за 12%. Заработил 1,52 милијарди долари, ама тоа е помалку отколку лани.

Луизијана ќе може хируршки да кастрира педофили

Законот неодамна предложен од републиканскиот гувернер Џеф Ландри деновиве стапи на сила со што американската држава Луизијана стана првата сојузна држава во САД која ќе може да ги казнува осудените педофили со хируршка кастрација. Се надеваат дека ваква казна ќе обесхрабрува ваков тип сексуални предатори.

Зошто Вадим Красиков му беше толку важен на Путин

Запад и Русија ја изведоа најголемата размена на затвореници по завршувањето на Студената војна. Иако Путин во минатото често инсистираше на паритетна размена, глава за глава, овојпат даде шеснаесет луѓе за да добие осум. До ваквата размена немаше да дојде ако во пакетот не беше вклучен Вадим Красиков.  

Меркур, татковина на дијамантите

Меркур е најмалата (откако го дисквалификуваа кутар Плутон) и најблиската планета до Сонцето во нашиот планетарен систем, но преку ноќ стана интересен откако научници сугерираа дека под неговата површина има огромен, повеќекилометарски слој дијаманти. Ок, не дека е баш блиску до нас (77 милиони километри) и не е дека е баш пријатно место за копање (430 целзиусови степени).

Преку Убер, Европа ќе се полни со кинески електрични коли

Компанијата за приватно таксирање Убер и кинескиот автомобилски гигант BYD планираат партнерство со кое ќе се распоредат 100.000 електрични возила на Кинезите во Европа и Латинска Америка. Кинезите нудат поволности околу цените, осигурувањето и финансирањето а почнаа да отвораат фабрики ширум светот.

Дали Америка би размислила да го елиминира Путин?

Да не излезе дека и таа опција не е разгледана, американскиот Форин полиси на широко ја расправа темата за смена на Путин по основа на негово убиство, и кој и како би можел да донесе демократија во земјата само прво да го убие рускиот претседател.

Стотици Словенци бараат отштета заради ковид вакцинацијата

Преку 200 барање за отштета има добиено словенечкото министерство за здравство заради последици предизвикани од примањето ковид вакцина. Има и смртни случаи и случаи на сериозно или трајно нарушување на животни функции а досега исплатените отштети се движат меѓу 20.000 ии 60.000 евра. 

Макрон спискал 500.000 евра за да направи вечера за Чарлс

Елисејската палата минатата фискална година ја завршува со еден од најголемите минуси, затоа што Макрон решил да потроши нешто помалку од половина милион евра на вечерата за британскиот крал.

Каде се златните резерви на Аргентина?

4,5 милијарди долари во злато што беа во резервите на Централната банка на Аргентина, веќе не се таму. И не само што не се таму туку никој не знае / не кажува каде се.

ЕУ се подготвува за трговска војна со Трамп

Брисел веќе прави стратегија како ќе одговори ако се остварат најавите на Трамп за заштита на американската економија со давачки на увозните проиводи од ЕУ. Не им е сефте. Во првиот мандат Трамп удри по европскиот челик а овие вратија онаму каде што најмногу ги боли неговите гласачи: бурбон, Харли Девидсон и говедско.

Украина до ноември ќе претстави акциски план за мир

По глобалниот самит што го организираше во јуни во Швајцарија, Украина, конкретно Зеленски, најави дека до ноември ќе имаат и акциски план како да се стигне до мирот.

Пак ќе пробаат да го скинат Трамп до ноември?

Оние што веруваат дека атентатот на Трамп не е дело на осамен лудак туку-така качен на покрив со пушка, убедени се дека моќните структури кои го извеле тоа, нема да се откажат после првиот неуспех. Особено што стигна и писмо од свиркач, контра-снајперист, кој го тврди истото и вели дека ќе алармира додека не бидaт сменети сите негови претпоставени.

Наследникот на Ермес не знае каде му се 13 милијарди долари

Истиот 80-годишник кој минатата година се прослави по најавата дека сите пари ќе му ги остави на својот градинар, сега излезе дека нема да има нешто многу пари за оставање.

Олимписките камермани укорени за непристојни снимки

Жените што учествуваат на Олимпијадата во Париз се „елитни спортисти“ кои камерманите треба да ги кадрираат на ист начин како и мажите, порачал директорот на комплетниот пренос од ОИ 2024.

Гувернерот на Калифорнија ѝ објави војната на сатирата

Видео склопено со вештачка интелигенција кое беше очигледна пародија на Камала Харис толку го разбесни калифорнискиот гувернер Гавин Њусам што веднаш најави закони со кои ќе се осигура дека не може тоа така. Првиот човек на некогаш најдобрата американска држава очигледно не верува дека неговите граѓани можат да разликуваат реалност од очигледна фикција без помош на цензура.

Калифорнија почна да се чисти?

Гувернерот на Калифорнија им нареди на агенциите на сојузната држава да почнат со отстранување на населбите на бездомници на државно земјиште, откако Врховниот суд на САД им дозволи на градовите да ја спроведат забраната за спиење на отворено на јавен простор.

Дали малку гадно ќе те спречи да ја спасиш планетата?

Само 13% од испитаниците изјавиле дека се подготвени редовно да јадат оброци со инсекти, кои во последно време се натураат како еден од столбовите за спас од глобалното затоплување. И тоа мора да се поправи во име на климатските промени, не инсектите, туку вашето гадење од нив.