Вести

Реакција на филмот „NAZA“:

Израел знае да биде и маќеа

Израелското државјанство, како еден од столбовите на ционистичкиот проект, никогаш досега не им било одземено на Евреи. Нетанјаху сега бара да им биде одземено на авторите на шокантниот документарец „NAZA“ во кој се прикажани израелски злосторства во Газа. Режисерите стануваат „непријатели на еврејскиот народ“ и се третираат како „егзистенцијална закана“ за државата.

САД си заминаа од Ирак, Курдите нека се снаоѓаат со хаосот

Речиси две и пол децении по воената инвазија во која го соборија Садам Хусеин, американските сили целосно се повлекоа од Ирак. Овојпат, се чини, засекогаш. На Курдите, своите најцврсти сојузници во регионот, не само што не им обезбедија заштита, туку и ги изложија на нова закана од иранските милиции, кои одбиваат да се разоружат и ги засилуваат нападите.

Која е Трамповата елитна дипломатка во Атина?

Американска амбасадорка во Атина е Кимберли Гилфојл. Иако беше во брак со калифорнискиот гувернер Гавин Њусом, стана битно име во МАГА откако се вери со Трамп помладиот. Со себе често носи еден грчки лобист, но ако не ѝ се оди по ќеиф, знае да ги потсети Грците како падна романската влада и да им даде до знаење дека на Американците тоа им се може и во Атина. 

Речник

Бугарија добро одигра со батериите

Една од моментално најинтересните епизоди во меѓународниот енергетски сектор се случува на неочекувано место: во Бугарија. Една земја во југоисточна Европа со население од само 6,4 милиони, сега има еден од највисоките соодноси во светот на батериски капацитет во однос на вкупниот капацитет на енергија, надминувајќи пазари како Калифорнија, Германија и Кина. 

Владата ги учи Швеѓаните да бидат дрски кон сомнителни лица

Повозрасните Швеѓани, воспитани да бидат учтиви и љубезни кон туѓинци и сомнителни лица, се најчестите жртви на измамници, кои со лажни приказни лани им украле речиси половина милијарда евра. Нова кампања ги повикува граѓаните да одговараат подрско на сомнителни разговори и да им ја треснат вратата на униформирани лица кои им бараат пари.

Биокомпјутер со ДНК-чипови во капка вода

Научници конструираа функционален компјутер што може да врши аритметички операции со помош од ДНК. Иако е страшно бавен, се покажал како енергетски поефикасен од постоечките био-компјутери, кои поврзуваат живи клетки со традиционален хардвер. Не следи организиран процес, не прави неповратни чекори, а сепак на крајот секогаш го дава точниот одговор.

Норвешка ќе гаси штекери за Европа

Норвешка се смета себе за жртва на ценовна инфекција од европските цени на струјата и планира да поработи на својот енергетски суверенитет. Владеачките партии најавуваат гаснење на интерконекцијата со Данска а се спомнува и репреговарање на договорите со Англија и Германија. Без норвешката струја, дури тогаш на европскиот енергетски пазар ќе биде (не)весело.  

Милеи постигна буџетски суфицит

Што ќе биде со оние државни проекти кои веќе се минати на тендер? - го праша своевремено новинар аргентинскиот претседател Хавиер Милеи, сомневајќи се во неговото ветување дека ќе ја победи огромната буџетска дупка. - Ќе им кажеме дека нема пари. - Ама... - Ама ќе го отпуштам секој министер кој ќе потроши повеќе отколку што треба, се закани Милеи. И така, миц по миц....

Трамп по вторпат е „Личност на годината“

Магазинот Тајм повторно го прогласи новоизбраниот американски претседател, Доналд Трамп, за Личност на годината. Таа долговечна листа се прави од 1927 година и во меѓувреме беше толку девалвирана со некои избори што фановите на Трамп и немаат причина многу да слават. Посебно што во конкренција годинава му беше и Камала Харис. А неа може да ја победи и во ластик.

Германија стана пример како не треба

Државниците и политичарите во најсилната европска економија се надеваа дека Германија може да стане глобален лидер во две клучни области: климатските промени и миграциската и социјална политика. Можеби убави но скапи и економски убиствени елементи. Ја имаат најглупавата енергетска политика на светот а дарежливите социјални програми им одат на мигранти.    

Закерберг почна да подмачкува кај Трамп

По филмското враќање на Трамп во Белата куќа, сосе избегнувањето и затвор и убиство, Закерберг реши дека треба со добро да го почне вториот мандат на американскиот претседател па одлучи да ја спонзорира неговата инаугурација.

Москва тренира гасење од интернет

Русија на еден ден блокирала цели делови од својата држава од пристапување на интернет како дел од проектот за развивање на сопствен „суверен интернет“.

Илон Маск ја заокружи 400-ката

Нето вредноста на Илон Маск за прв пат ја надмина границата од 400 милијарди долари, што е рекордна сума за него и за кој било друг милијардер на кој јавно му се знаат парите.

Израел не губи време

По заземањето на Голанската висорамнина, Израел ги искористи најматните денови од падот на Асад за на долг рок да заврши уште една стратешка цел - уништување на сириската морнарица.

Русија го притиснала Асад да се пакува и да бега

Како што сириските милитанти се побрзо напредувале кон Дамаск, Русија, која се чуди како толку доцна разбира за опасноста, го убедила сирискиот претседател Башар Ал Асад, да се откаже од каква било борба и да го фаќа авионот накај Москва.

Кина го ограничи извозот на делови за дронови кон Западот

Како дел од ескалирањето на трговската војна, Кина одлучи да го намали извозот на компоненти кои се клучни за европското и американското производство на дронови.

Застрашувачка симулација: Путин потегнува нуклеарки

Путин деновиве кажа дека кога ќе имаат доволно ракети Орешник, нуклеарно оружје и нема да им треба. Лавров, пак, предупреди да бидат сфатени сериозно дека се спремни за сите средства. Професорот Алекс Велерштајн изработи модел кога руската бомба Топол M SS-27 би била детонирана над главните градови во Европа и САД. Топол не е најразорното руско нуклеарно оружје (имаат и R-36 - Сатан) но сепак е 50 пати посилна од онаа во Хирошима. Страшно.

Од Белата куќа ќе фрчат помилувања до крајот на мандатот на Бајден?

Администрацијата во заминување размислува за давање на серија превентивни помилувања на бројни сегашни и поранешни американски јавни функционери што би можеле да настрадаат во идни постапки кои потенцијално би ги започнал Доналд Трамп.

После терористи, судови

Жртва на терористичкиот напад во Манхајм, кој беше прободен со нож од исламист заради неговите критики на Исламот, шест месеци по обидот за убиство е осуден од германската држава за омраза заради своите ставови и критики на Исламот.

Само 6% од американските административци одат на работа

Извештај составен за американскиот Конгрес открива дека само 6% од федералните вработени се појавуваат на работа во канцеларија на целосно работно време. Исто така, околу една третина од сите административци целосното работно време го отслужуваат од дома.

Украина станува „Игра на дронови“

Војната во Украина влегува во нова фаза: дронови напаѓаат дронови. Иако се користеа и претходно, во украинската војна тие доживеаја бум. Се користат за напади на командни пунктови, магацини, инфраструктура, оклопни возила и тенкови, а во последно време сè почесто и за напади на други беспилотни летала.

Мета признава дека претеруваат со цензурирање

Директорот за глобални прашања на Мета јавно признава дека не само што цензурираат туку попат прават и големи грешки во проценка на содржини кои решаваат да ги отстрануваат или да ги етикетираат. Тоа го знае секој кому му била скинато нешто од Фејсбук, а било банално или пак да се чудиш што било спорно. Малку претеравме, вели директорот. Не, многу претеравте.

Празничните свеќи се поштетни од цигари

Палењето новогодишни или какви било миризливи свеќи значително го влошува квалитетот на воздухот во просторијата и во одредени случаи е поштетно за белите дробови отколку пасивното вдишување чад од цигари. Истото ова важи и за миризливи стапчиња.

Дали Украинците се спремни да се откажат од територија за мир?

Доколку Украина ја заврши војната во 2025 тоа најверојатно ќе го направи по цена на жртвување на дел од територијата која изминативе години не можеше да ја ослободи од руската војска. Надежта на Украинците е дека за возврат би добиле „помала, но посреќна и побезбедна Украина.“

Укинување на романската демократија

Неделава силите требаше да ги одмерат двајца најдобро пласирани романски претседателски кандидати:  ТикТок 'ѕвездата' Калин Георгеску и поранешната тв новинарка Елена Ласцони. Но, само 48 часа пред отворање на гласачките кутии, Уставниот суд реши да го поништи целиот процес заради руска вмешаност. Истовремено се оддржаа и парламентарни избори, ама, види чудо, тие резултати на државата ѝ се чинат неспорни.

Дали на OpenAI наскоро ќе биде напишано „Closed“?

„Се кладам во сè што имам дека ОпенАИ ќе банкротира меѓу 2026-та и 2028-ма,“ заклучува една анализа на достапните финансиски податоци за компанијата која поради звучноста нема проблем со инвеститори, ама затоа има долгорочен проблем со приходите. Башка што не се знае како ќе завршат судските процеи кои против неа ги започна Илон Маск.

Запознајте го новиот сојузник

Американската амбасада во Сирија во 2017 година објавува награда за озлогласениот терорист Абу Мухамед Ал Џавлани, нудејќи 10 милиони долари за негово откривање или ликвидирање. Седум години подоцна, откако Обама рече „Асад мора да замине“, денешен Вашингтон прилично неутрално порачува дека „внимателно го следи развојот на настаните во Сирија.“

Хак ту девојката ги ојади слепите фанови

Почна со едно симпатично вирално меме, бргу стана популарна и фино ја користеше својата популарност,  изгледајќи ни како многу фина и приземна девојка. Ама, лакомоста не знае за граници па освен капи и маици, се лансираше и крипто токен под нејзиниот бренд кој молскавично постигна фасцинантна пазарна проценка за веднаш потоа да изгуби 95% од вредноста. Тие што купуваа, останаа без пари. Кој им е крив. 

Користа од штетните гасови

Уште не постои научен консензус за климата и затоплувањето но дека е жешко, жешко е. Во комплицираните климатски модели постојат секакви елементи кои се земаат предвид, но понекогаш тоа се оние на кои најмалку се надеваш. На пример сулфур диоксидот. Штетен за белите дробови, корисен за ладење на планетата.

Не верувај на Кинез што ти уплаќа животно осигурување

Два месеца откако влегуваат во брак, Кинез уплаќа животно осигурување на својата нова сопруга, чиј краен корисник е самиот тој. И тоа не е едно, туку неколку. За жал ништо од ова не и е ни најмалку сомнително на жената.