Израел не губи време

По заземањето на Голанската висорамнина, Израел ги искористи најматните денови од падот на Асад за на долг рок да заврши уште една стратешка цел - уништување на сириската морнарица.

Израелската авијација и воени бродови бомбардирале и уништиле околу 10 сириски воени бродови, кои дремеа како неподвижни мети по падот на Асад. Нападите ги потврди и израелското министерство за одбрана, објаснувајќи дека бродовите дека се само дел од метите на сириска територија кои деновиве биле гранатирани од нивна страна.

Израелците изминатите 48 часа извршиле над 350 напади на мети на сириска територија, неутрализирајќи ги за нив најголемите закани, од морнарица и воени аеродроми и авиони, до против-воздушна одбрана.

Во нападите биле опфатени и производствени објекти во Дамаск и други градови низ Сирија, меѓу нив со земја е срамнет и Барзех научниот центар во Латакија, кој се сметаше за локација за производство на хемиско оружје.

За сега нема извештаи за напади на градот Тартус кој се наоѓа во тој дел од земјата и повеќе од пет децении е седиште на руската воена морнарица. Сателитски снимки од понеделникот покажаа дека бродовите што Русија ги имаше таму вкотвено го напуштиле пристаништето.

11 декември 2024 - 14:52