Не верувај на Кинез што ти уплаќа животно осигурување

Два месеца откако влегуваат во брак, Кинез уплаќа животно осигурување на својата нова сопруга, чиј краен корисник е самиот тој. И тоа не е едно, туку неколку. За жал ништо од ова не и е ни најмалку сомнително на жената.

Деновиве кинескиот суд го осуди 47-годишниот сопруг на смртна казна за убиство на својата сопруга.

Ликот не само што ја убил сопругата (ја турнал од ферибот сред море), туку и парите што ги наплатил од нејзината полиса ги троши на проститутки.

Првично несреќниот случај на сопругата и станал сомнителен на полицијата (иако сопругот во тие моменти бил парализиран од болка) бидејќи жената паднала од една од ретките слепи точки на фериботот, на кој инаку има над 200 камери за надзор.

Кон сомнежот придонело и тоа што на типот му се брзало да добие посмртница од полицијата, инсистирајќи дека локалните обичаи налагаат кремирање на телото во рок од три дена.

Подоцна, полицијата започнува истрага и се распрашува малку повеќе за човекот, за на крај да го фати само пола месец по смртта на сопругата во хотелска соба со проститутка. Во истрагата се дознава дека тој уплатил четири животни полиси на својата сопруга, чија заедничка вредност, изнесува 1,6 милиони долари.

6 декември 2024 - 14:48