Русија го притиснала Асад да се пакува и да бега

Како што сириските милитанти се побрзо напредувале кон Дамаск, Русија, која се чуди како толку доцна разбира за опасноста, го убедила сирискиот претседател Башар Ал Асад, да се откаже од каква било борба и да го фаќа авионот накај Москва.

Уплавот на Москва бил од повторувањето на сцените од Либија и бруталното убиство на Муамер Гадафи во 2011 од страна на милитантите.

Русија пред самиот пад на Дамаск го убедила Асад дека ќе ја изгуби борбата против милитантите предводени од терористичката организација ХТС (Хајат Тахрир eл-Шам), и му понудила на него и неговото семејство, веднаш да замени од земјата.

Бегството на Асад го организираат руски разузнавачки агенти, а авионот полетува од руска воена база во Сирија. Пред полетување изгасен е уредот за следење на авионот.

Со заминувањето на Асад, милитантите влегуваат во небранетиот Дамаск и прогласуваат победа, со што се става крај на конфликтот кој трае речиси 14 години. Со ова се завршува и владеењето со Сирија на семејство Асад, кое почнува во 1971 кога на власт доаѓа Хафез Ал Асад, татко на Башар. Тој владее до својата смрт во 2000-та, кога власта ја презема Башар.

На почетокот од последната офанзива руските сили првично ги бомбардираат милитантите во обид да ги одвратат и да им дадат стимул на силите на Асад. Меѓутоа откако сириската војска дава минимален отпор во одбраната на Хама, која паѓа само неколку дена по Алепо, Русија заклучува дека нема да може да ја одбрани власта на Асад.

Во неделата руското министерство за надворешни работи објави дека Асад се откажал од власта и ја напуштил својата држава, а дека Русија е во контакт со сите сириски опозициски групи.

11 декември 2024 - 13:17