Застрашувачка симулација: Путин потегнува нуклеарки

Путин деновиве кажа дека кога ќе имаат доволно ракети Орешник, нуклеарно оружје и нема да им треба. Лавров, пак, предупреди да бидат сфатени сериозно дека се спремни за сите средства. Професорот Алекс Велерштајн изработи модел кога руската бомба Топол M SS-27 би била детонирана над главните градови во Европа и САД. Топол не е најразорното руско нуклеарно оружје (имаат и R-36 - Сатан) но сепак е 50 пати посилна од онаа во Хирошима. Страшно.

Проценките на жртвите и штетата се засноваат на претпоставка нуклеарната боев глава да експлодира неколку стотици метри над земјата. Во нив не се вклучени жртвите кои би умреле во следните денови, недели и месеци поради радијацијата, недостатокот на храна, вода и медицинска нега.

Лондон

Секој што е на три квадратни километри од детонацијата би изгорел до смрт. Ќе бидат уништени домовите на Парламентот и Бакингемската палата. Топлината би предизвикала бран експлозии кои би ги срамнила зградите. Моделот предвидува дека речиси милион луѓе ќе бидат убиени во истата секунда, а уште 2,2 милиони ќе претрпат сериозни повреди кои најверојатно ќе доведат до смрт.

Париз

Жртвениот биланс во француската престолнина би бил уште полош. Според моделот, 1,5 милиони луѓе умираат веднаш во експлозијата, а бројот на повредени се искачува на 2,7 милиони. Топол детониран над центарот на Париз ги уништува Ајфеловата кула и други културни споменици кои стануваат урнатини.

Амстердам

Холандија има помалку жители, па бројот на жртвите би бил помал. Сепак, затоа што е помал (920.000 жители), Амстердам би бил речиси целосно избришан од мапата. Приближно 370.000 луѓе умираат веднаш, над 530.000 биваат тешко повредени.

Рим

Според моделот, Топол во главниот град на Италија остава околу 770 илјади загинати, над милион тешко повредени. Колосеумот ќе биде целосно уништен, заедно со Пантеон и голем дел од стариот град. Ватикан, исто така, ќе претрпи огромни штети и поголемиот дел од луѓето таму ќе умрат.

Берлин

Речиси 640.000 луѓе би загинале во моментот на експлозијата над центарот на Берлин, а речиси двојно повеќе, околу 1,2 милиони, би претрпеле повреди опасни по живот. Бранденбуршката порта, Берлинската катедрала и зградата на германскиот парламент ќе бидат претворени во урнатини. Сите жители до предградијата на Шпандау и Вилхелмштат би претрпеле значителни изгореници, а бранот експлозии во Германија би ги уништил зградите до предградијата на градот Потсдам.

Вашингтон

Tопол во срцето на американската политичка престолнина ќе избрише неколку знаменитости и локации кои станаа синоним за историјата и политиката на САД. Белата куќа и зградата на Капитол ќе бидат уништени, заедно со споменикот на Вашингтон, Смитсонијан музејот и Националниот архив. Загинати одат до 485 илјади, додека други 839 илјади луѓе се здобиваат со тешки телесни повреди.

Њујорк

Со оглед на густината на населението и количината на инфраструктура, нуклеарка над центарот на Њујорк би имала катастрофални последици. Ударот уништува речиси сè во Сохо, Долен Исток и Гриниџ вилиџ. Ерупцијата би ги срушила  зградите и би ги убила луѓето во Мидтаун, Лонг Ајленд, Вилијамсбург, Бруклин и Апер Ист Сајд. Луѓето во Харлем ќе претрпат изгореници од трет степен, а бранот на експлозијата ќе оди до Бронкс. Околу 1,5 милиони луѓе би загинале, а бројот на повредени би достигнал до три милиони.

 

10 декември 2024 - 21:54