Користа од штетните гасови

Уште не постои научен консензус за климата и затоплувањето но дека е жешко, жешко е. Во комплицираните климатски модели постојат секакви елементи кои се земаат предвид, но понекогаш тоа се оние на кои најмалку се надеваш. На пример сулфур диоксидот. Штетен за белите дробови, корисен за ладење на планетата.

Во 2023 година, просечната глобална температура беше речиси 1,5 целзиусови степени над нејзиното прединдустриско ниво. Многу брзо ќе ја надмине таа рампа.

Тоа се екстремни скокови. За контекст, 2019 година беше втора најтопла година во историјата а беше само 0,95 степени Целзиусови над просекот од прединдустрискиот период. Значи, температурата на Земјата се зголеми за половина Целзиусов степен за само пет години.

Овие високи температури не се надвор од она што го предвидуваат климатските модели, но пристигнуваат порано отколку што мислеа повеќето научници, а истражувачите за климата сè уште не постигнале консензуално објаснување зошто се случуваат.

Можеби доаѓаме чекор поблиску. Една нова студија се приклучува на растечката литература која сугерира дека промената на глобалните горива за превоз несакајќи придонела за пораст на затоплувањето.

Во 2020 година, Меѓународната поморска организација започна да спроведува правила со кои се отстранува токсичниот загадувач на воздухот, сулфур диоксидот, од бродските горива.

Сулфур диоксидот е штетен за срцето и белите дробови, доведува до астма и може да предизвика кисели дождови. Но, исто така, тој ја рефлектира топлината назад во вселената, ладејќи ја Земјата.

Овие ефекти на ладење на сулфур диоксидот се краткотрајни, бидејќи сулфур диоксидот опстојува во атмосферата само околу една ипол недела (јаглерод диоксидот, од друга страна, се држи цел милениум).

Се чини дека сите тие сулфурни аеросоли веројатно рефлектирале доволно топлина назад во вселената за да направат забележителна разлика во температурата на Земјата. Новата студија открива дека отстранувањето на сулфур диоксид од бродските горива ја зголемило температурата на планетата за 0,08 степени. Оваа промена сама по себе не може да го објасни неодамнешниот пораст на температурата, но, новите правила веројатно придонесоа за рекордните температури.

Регистрираните температури во 2023 година биле приближно 12 пати поверојатни отколку што ќе беа доколку правилата не се сменија, тврди автор на студијата.

Порачува дека покажуваат дека креаторите на политиките ќе треба да размислуваат за компромиси помеѓу намалувањето на емисиите на токсичното загадување на воздухот и губењето на ефектот на ладење што го создаваат истите тие токсични емисии.

8 декември 2024 - 18:15