Во март 2024 година, Маск поднесе тужба против OpenAI во судот во Сан Франциско поради прекршување на договорот и премин од непрофитен во профитен ентитет. После протекување на меил преписките, Маск ја сопре процедурата но на први декември покрена нова.
Овој процес сам по себе ќе нанаесе штета на позицијата на ОпенАи, но постои и многу поопиплив дел од проблемот.
Во мај 2023 година, OpenAI имаше траекторија да стане новиот Епл. Во декември 2024 година, трендот е да стане новата Нокиа: прекумерна доверба во нејзината пазарна позиција и вредноста на акциите.
А сè е до приходите, а не до способноста да се соберат фасцинантно големи средства.
Финансиското крварење е брутално.
OpenAI има загуби од 5 милијарди долари за 2024 година. Сем Алтман го проектира пикот на 14 милијарди долари до 2026 година. Но, аналитичарите предвидуваат дека кумулативните загуби до 2028 година би можеле да достигнат 44 милијарди долари - бројка што го надминува годишниот буџет на многу гигантски технолошки компании.
• Приход од 2024 година: 3,7 милијарди долари
• Трошоци за 2024 година: 8,5 милијарди долари
Овој јаз меѓу приходите и расходите продолжува да се зголемува и покрај растот.
Оперативните трошоци го откриваат обемот на проблемот со трошењето.
• Само ChatGPT гори 700.000 долари дневно;
• 7 милијарди долари за вештачка интелигенција и обука;
• 1,5 милијарди долари за персонал, без компензација заснована на капитал.
Овие трошоци не покажуваат знаци на намалување.
Инфраструктурниот притисок е голем.
ОпенАИ веќе работи со капацитет од 83% (290.000 од 350.000 сервери), на Азуре на Микрософт. Оваа зависност ја ограничува нивната способност да скалираат, одложувајќи го ЧетГПТ 5.
Нивниот бизнис модел се соочува со фундаментални предизвици. Трошоците за обука на ВИ се намалуваат, но алтернативите со отворен код се подобруваат. Стандардниот модел и понуда за месечна претплата од 20 долари немаат конкурентска предност: клиентите можат многу лесно да ја сменат услугата.
• Микрософт гради сопствена вештачка интелигенција;
• Антропик работи ефикасно со 2,7 милијарди долари;
• Гугл планира инвестиции од 100 милијарди долари, со 0 долари за изнајмување инфраструктура.
За нив, ОпенАИ е или преголем или премал.
Планираниот раст на приходите се чини преамбициозен и нереалистичен: 100 милијарди долари до 2029 година.
• 2024 година: 3,7 милијарди долари
• 2025 година: 11,6 милијарди долари (раст од 213% раст)
• 2026 година: 25,6 милијарди долари (раст од 120%)
• 2029 година: 100 милијарди долари
(без да се земат предвид предвидените загуби од 44 милијарди долари до 2028 година).
Денес имаат над 11 милиони корисници кои плаќаат по 20 долари/месечно.
За да се достигне приходната цел од 100 милијарди долари до 2029 година, на ОпенАи ќе му треба:
1. Месечна цена од 555 долари со тековната корисничка база, или
2. 189 милиони платени претплатници по 44 долари/месечно (планираната цена за 2025).
190 милиони корисници кои секој месец ќе плаќаат по 44 долари? Ако може, тогаш супер за нив.