Причина за ова е што кога согоруваат свеќите „тие создаваат комплексна мешавина од хемикалии и честички, вклучително и токсични гасови како јаглерод моноксид, сулфур двооксид и азотни оксиди.“
Сите овие работи на куп можат да предизвикаат кашлање, кивање, иритација на очите и влошување на симптомите на астма.
Но на долг рок нивното штетно влијание се влошува, па тие можат да предизвикаат срцеви заболувања, рак на бели дробови и хроничен бронхитис.
Пресметките на научниците се дека горењето на миризливи свеќи може да ја зголеми концентрацијата на штетни честички за 15 пати над границата одредена од Светската здравствена организација.
Во истражување што го спроведуваат два британски универзитета, пушењето цигари, палењето свеќи и блокирањето на вентилацијата / прозорите било одлучувачко за квалитетот на воздухот во просторијата и зголемувањето на нивото на ПМ2.5 честички и ЦО2.
Истото ова важи и за миризливите стапчиња за кои е пресметано дека ако се запали иста тежина на стапчиња и цигари, тие произведуваат четири пати повеќе штетни честички отколку цигарите.
Во домаќинства во кои воопшто не се пуши миризливите свеќи биле главен извор на загадување и воведувале ПМ2.5 честички во воздухот. Дури и мерено наспроти обични свеќи, миризливите пак повеќе загадувале.
За сега е проблем и да се знае која точно состојка во миризливите свеќи е најпроблематична, бидејќи производителите наведуваат помалку од 10% од нивниот состав на пакувањето од свеќите.
Она што може да помогне во намалување на загадувањето е палење на миризливи свеќи со соба со отворени прозорци и луфтирање по гасењето на свеќата.