Трамп по вторпат е „Личност на годината“

Магазинот Тајм повторно го прогласи новоизбраниот американски претседател, Доналд Трамп, за Личност на годината. Таа долговечна листа се прави од 1927 година и во меѓувреме беше толку девалвирана со некои избори што фановите на Трамп и немаат причина многу да слават. Посебно што во конкренција годинава му беше и Камала Харис. А неа може да ја победи и во ластик.

Во 2006-та, личност на годината Тајм те прогласи тебе! Да, тебе (мене...).

„Со ова, магазинот сакаше да им оддаде признаени на милиони луѓе кои анонимно придонесуваат кон креирање кориснички содржини на сајтови како Јутјуб, Мајспејс, Фејсбук, Википедија....
* Википедија

А да бидеме реални....

*******

Да се вратиме на новиот победник. 

„За камбекот од историски размери, за поттикнување на политичко престројување кое се случува еднаш во генерација, за преобликување на американското претседателство и за менување на улогата на Америка во светот, Доналд Трамп е личност на годината на Тајм за 2024 година“, напиша во образложението главниот уредник Сем Џејкобс.

Трамп овојпат победи конкуренција која не беше некоја конкуренција. На пример, Камала Харис била една од пошироката листа.

А Трамп ко Трамп, папак: во 2015 кога изгуби од Ангела Меркел, цвикаше дека не е фер. Една година подоцна, кога победи, рече дека е тоа голема чест:

„Мене ова многу ми значи бидејќи имам пораснато читајќи го магазинот Тајм. Знаете, тоа е многу важен магазин,“ рече тогашниот носител.

Подоцна, пак го критикуваше изборот на магазинот, особено лани, кога со титулата се закити Тејлор Свифт, која навива за Демократите.

ББЦ спомнува некои од досегашните славеници, како Грета Тунберг, Закерберг, Обама, Зеленски....

Ама, секогаш има бетер. За девалвираноста на листата најмногу зборуваат некои решенија од минатото.

Во 1938 година, личност на годината на Тајм беше Хитлер.

Една година подоцна, Сталин.

Кисинџер беше во 1972, иранскиот ајатолах Хомеини во 1977, Путин во 2007....

Ама, имаа и добри решенија, на пример Хајле Селасие во 1935-та.

 

12 декември 2024 - 17:20