Огромните цени предизвикуваат паника во богатата нордиска земја. Двете владини партии во Норвешка сакаат да го укинат електроенергетскиот интерконектор за Данска, при што помалиот коалициски партнер бара и повторно преговарање за електро-линковите со Обединетото кралство и Германија.
Недостигот на ветер во Германија и Северното Море ги зголеми цените на електричната енергија во јужна Норвешка до 1,18 долари за киловат час, што е нивно највисоко ниво од 2009 година и речиси 20 пати повеќе од нивното ниво само минатата недела.
„Ова е апсолутно срање ситуација,“ отворено прокоментира норвешкиот министер за енергетика, Терје Асланд.
Владејачката централно-левичарска Лабуристичка партија најавува дека на следните парламентарните избори идната година (септември), ќе понуди исклучување на електричните интерконектори за Данска кога ќе дојде време тие да се обновуваат.
Нејзиниот помал коалициски партнер, партијата Центар, освен тоа, долго време бара повторно да се преговара и за постоечките интерконектори со Англија и Германија.
Во интерконекциојата се гледа главната вина за сегашните високи норвешки цени; критичарите велат дека Норвешка треба да праќа струја од својата богата хидроенергија во странство само откако ќе обезбеди ниски цени дома, како што беше случај со децении претходно.
Прашањето предизвикува длабока тревога кај земјите од ЕУ кои сметаат на изобилната хидроелектрична енергија на Норвешка за балансирање на цените на континентот.
„Ова е критичен момент за односите меѓу ЕУ и Норвешка. Кратењето на приклучоците за струја со Европа нема да биде добро прифатено“, порача еден амбасадор на ЕУ во Осло.
Анкетите предвидуваат дека владејачката левичарска влада ќе биде сменета со влада на десниот центар. Десничарската партија Прогрес, која води на анкетите, исто така сака да ја прекине врската со Данска и да ги репреговара другите договори, за да ја намали „ценовната инфекција“ на Норвешка од континентот.