Вести

Фатете се за пенкало

Норвешка студија од областа на невронауката утврди, поточно потврди, дека рачното пишување создава значително побогата и пософистицирана поврзаност во мозокот во споредба со чукањето на тастатура. Тоа може да има директни придобивки за учењето и меморијата. Со други зборови, рачното пишување го буди мозокот. Сепак, некогаш за тоа е доцна.

Мрсните функционери на мрсниот Доналд Трамп

Обама во својата администрација имал само три члена кои имале над 100 милиони долари. Џо Бајден имал петмина такви. Доналд Трамп ги има преку десетпати повеќе. Осуммина од нив имаат преку милијарда долари. Наивни ќе помислат дека таквите луѓе сега имаат доволно па ќе ѝ служат на државата. Да им беше на таквите нешто доволно, немаше ни да стигнат до тие цифри.  

Нашата планета станува сè потемна

Насловот не е некој метафоричен, поетски опис за очајната состојба на човештвото, моралот или нивото на македонските реклами на Инстаграм. Зборуваме за вистинска мерлива темнина што се шири низ површината на Земјата. Напредокот во животната средина буквално има неочекувана темна страна.

Речник

Во Австралија се размислува за поевтинување на цигарите

Досегашните долгогодишни мерки против цигарите и пушењето успеаја драстично да го намалат процентот на пушачи во Австралија. Но, остана едно жилаво малцинство кое се покажа имуно на сите мерки на државата а задоволувањето на нивната потреба за никотин создаде голем и понекогаш опасен црн пазар. Бидејќи попаметниот попушта, некои во Австралија сега бараат цигарите да поевтинат.

Науката НЕ е консензус

Уледниот Британскиот медицински журнал е критикуван за нарушување на научниот интегритет откако повлече труд во кој се сугерираше дека вакцините против ковид можеби се виновни за некои прекумерни смртни случаи за време на пандемијата. Го повлекле трудот иако немало ништо спорно во него, ама не го одразувал „научниот консензус“. А на времето, консензус имаше и дека Сонцето се врти околу Земјата.

Финската економија во слободен пад

Економијата на Финска со години беше ѕвезда на стариот континент на чии перформанси завидуваше цела Европа. Но, Нокиа беше симната од тронот, се десеткуваше побарувачката за хартија поради дигитализацијата и почнаа проблемите. Пандемијата и руската инвазија дополнително ја влошија состојабата па денес Финска во некои метрики стои полошо од Шпанија и Португалија.

Како изгледа менито на програмата од кое по грешка беше испратена пораката за ракетен напад на Хаваи

Иако станува збор за масовно сериозен пропуст и грешка, не станува збор за лоша намера туку само ужасен дизајн.

Нашите срца се уште се отворени за вас

Зборувајќи во Стразбур, Доналд Туск и порача на Британија дека брегзит се уште може да биде прекинат доколку британскиот народ го сменил расположението.

Биткоин, етереум и речиси сите други крипто-валути се во слободен пад

Цената на биткоинот е намалена за 15% и за прв пат од 4-ти декември е под 12.000 долари, етереум падна за 20% и се движи нешто над 1.000 долари.

„Битката на Неретва“ словенечки филм?

Словенија испрати барање до Србија да и бидат вратени 313 уметнички дела, историски предмети и документи кои се наоѓаат во српските музеи, службени резиденции и државни установи. Критериум за составување на списокот е авторот на делото да е Словенец или Словенија да учествува во неговото создавање. Доволно опсежен критериум да ја опфаќа и Битката на Неретва.

Понижувањето на Азиз Ансари

По експозето околу Азиз Ансари објавено на феминистичкиот сајт Babe.com, во која неименувана девојка го опишува своето непријатно сексуално искуство во холивудскиот актер, во одбрана на овој вториов излегоа две авторки, едната феминистка од Њујорк тајмс, другата феминистка од Атлантик. И веројатно целата работа не е толку одбрана на Ансари, колку апел за сите девојки во иднина да не го резилат феминистичкото движење и вистинските жртви на сексуалното насилство со слични примери.

Мекгрегор може да остане без титула ако не почне во скоро време со борби

УФЦ веќе ги размислува своите следни потези доколку Ирецот не се врати во октагон. Последен пат УФЦ шампионот во лесна категорија се бореше во декември 2016.

Вработениот што го испаничи Хаваи за ракетен напад

Во саботата во 8 часот и 7 минути, се живо на Хаваи што има мобилен ја доби веројатно најзастрашувачката порака што може да му стигне на телефон, дека кон островот е истрелана балистичка ракета и секој под итно да бара засолниште. Ниту ракета беше истрелана, ниту островот беше нападнат, само било притиснато погрешно копче.

Нетфликс е апликацијата што направи најмногу пари во 2017, а да не е игрица

Титулата е во збирна конкуренција, од пари направени во Ап стор на Епл и на Гугл плеј заедно. Нетфликс апликацијата за годинава има раст од 138% и од претплати има собрани околу 510 милиони долари.

Го избришав Фејсбук од телефон, а и треба истото да го направиш

Само треба да ја избришеш апликацијата. Толку. Не твојот Фејсбук профил. Не твојот живот на интернет. Само апликацијата, топло препорачува Миријам Крамер од Мешабл.

Лиам Нисон си стави лично мислење во здрава нога

Ирскиот актер смета дека се претера со обвинувањата за сексуално малтретирање бидејќи дел од нив почнуваат да наликуваат како да се од лов на вештерки.

Кина планира да стави крај на копањето биткоин на нејзина територија

Со тоа што 70 од глобалното копање биткоин отпаѓа на Кина, таа е најважната земјата за секојдневното функционирање и цена на крипто-валутата. Од ваква позиција Кина има намера да го укине копањето биткоин кај нив дома.

Градот Њујорк реши да удри на големите нафташи

Како прво ќе ги закрпи за 5 милијарди долари а како второ ги носи на федерален суд за да платат за штетата што ѝ ја имаат направено на климата на Њујорк и здравјето на неговите граѓани.

Фејсбук станува претерано страшен

Во нешто што наликува на сценарио од следната сезона на Black Mirror откриено е дека Фејсбук знае како да те следи користејќи ја прашината на камерата на твојот смартфон.

Моторхед се комплетираа

После Филти и Леми, почина и гитаристот од класичната постава на Моторхед. Еди Кларк „Брзиот“ уфрли во лер на 67 години, заради пневмонија. „На човек не може да му се случи ништо полошо од старост,“ тврдеше Брзиот последниве години, викајќи дека мора да си мава шамари кога ќе види згодна женска. 

Дрекаат со мантри како на времето што се кунеа у Тито

И сега што велите, ќе се откажеме од еден доручек-едно евро, па овојпат да се дичиме што има на странските хедлајни за нас, или ќе го чекаме Шилегов и овој новиов дпмне да ни кажат дали двесте илјади евра се многу или малку за доопремување?

„Праведници“ почнаа да го шамараат Вајнстин по ресторани

Така е тоа кога водени од менталитетот на толпата, шупци ќе решат лично да делат правда, во име на она „имам читано за него“. Овој прво молел да се слика со Вајнстин, па откако учтиво бил одбиен, се повлекол да фрли неколу пијачки за храброст, па на другарите им рекол да снимаат, па се вратил кај Вајнстин и го залупал.

Успехот на Амазон е благодарение на државни пари

Гигантот до сега има добиено над 1 милијарда долари во даночни олеснувања, и тоа се само парите што Амазон директно ги зема. На оваа сум треба да се додаде и социјалната помош што државата им дава на голем број од вработените на компанијата, кои заради прениската плата се квалификуваат како социјални случаи.

Ова не е нееднаквост, ова е глупо

Заради веќе добро документираниот расплет на настани околу Кевин Спејси беше одлучено сите негови сцени во All the Money in the World да бидат преснимани и тој да биде заменет со друг актер, Кристофер Пламер. Ова значеше дека и другите актери ќе треба да се вратат на снимање. Меѓу овие што доснимуваа се и Марк Волберг и Мишел Вилијамс, и како што е редот и двајцата треба да добијат пари за тоа.

Дали сиромаштијата е заразна?

Денес во форма, природно хрането, витко и по можност што помладо тело, сигнализира припадност и успех, додека сиромаштијата и маргинализацијата се поврзува со дебелина и консумација на алкохол и никотин. Постоењето на осиромашени пониски слоеви на општеството притоа сè повеќе се перципира како резултат на биолошките предиспозиции кои ги спречуваат луѓето да им удоволат на неолибералните барања за адаптирање, мобилност и флексибилност, порачува Фредерике Хаберман во текстот објавен од Ле монд дипломатик.

Ципрас се израдува на „историскиот чекор“ на Грција

Колку е таа Грција назад со материјалот, да се чуди човек. Јужните комшии за првпат после еден век ја ограничиле моќта на шеријатскиот закон, па во иднина, на своите граѓани од муслиманска вероисповед, ќе им дозволуваат да се разведуваат и пред нормален суд, а не да мораат да одат кај муфтијата.

Новиот Пат на свилата

Во 130-та година п.н.е. Хан династијата го воспоставува Патот на свилата, кој се простира од Кина до денешна Турција. Во 2013-та кинескиот претседател објави дека Патот на свилата ќе биде возобновен, и тоа како најголемиот и најскапиот инфраструктурен проект во светот.

Предраг Луциќ се одјави

По долга и тешка болест почина Предраг Луциќ. Блиските и пријателите знаат дека таа болест беше и предолга и претешка. Го читавме со децении и го познававме со години. Сето тоа сега ни е прекратко. Предраг беше преголем и предобар човек. Една памет како Луна парк, едно срце како светилник. Нека му плови душата по мирни мориња.

Магна порно

Британските парламентарци и останатите вработени во британскиот парламент на секои 9 минути имале обид да гледаат порно на своето работно место, покажуваат новите бројки од тамошниот законодавен дом. Нивната верзија е дека ова не било намерно.

Конечно во Германија стана легално да навредиш странски лидер

Со почнувањето на 2018 е ставен крај на контроверзниот и ретко употребуван закон што потекнува од крајот на Втората светска војна според кој навредата на странски лидер претставува кривично дело.