Новиот Пат на свилата

Во 130-та година п.н.е. Хан династијата го воспоставува Патот на свилата, кој се простира од Кина до денешна Турција. Во 2013-та кинескиот претседател објави дека Патот на свилата ќе биде возобновен, и тоа како најголемиот и најскапиот инфраструктурен проект во светот.

„Појас и пат иницијативата“ како што е службениот наслов на новиот Пат на свилата, се очекува дека ќе чини над 1.000 милијарди долари, а кога ќе биде завршен ќе ја поврзува Кина со 65% од светската популација, и 30% од глобалниот БДП. До сега 68 држави се приклучија кон овој договор.

Како дел од проектот Кина од 2013-та на земјите во развој им има позајмено околу 40 милијарди долари за најразлични инфраструктурни проекти.

Иако конфузно, „Појас“ од името на проектот се однесува на копнените рути од Кина до Скандинавија, Иберискиот полуостров, и Блискиот исток. „Пат“ делот од името се однесува на поморските рути што ја поврзуваат Кина со Југоисточна Азија, Блискиот исток и Африка.

Почетна точка, „нулти километар“, на новата 11.000 километри долга железница до Европа ќе биде 8-милионскиот Чунгкинг.

На товар кој со воз кој тргнал од Чунгкинг, југозападна Кина, му се потребни две седмици за да стигне во Дуисбург, Германија, што е половина од времето потребно за истото патување по море.

Дел од придобивките што се очекуваат од планот е и развивање на западните делови од Кина и „пренесување на дел од просперитетот од источното крајбрежје“ во запоставените и осиромашени западни краишта на земјата. По оваа основа е развиена и Ланжу њу ареа чии темели се удрени во 2012-та. Надежите се дека до 2030 областа со површина од над 800 километри квадратни (цело Скопје има вкупна површина од 571 километар квадратен) ќе има околу еден милион жители и годишен БДП од 41 милијарда долари. За создавањето простор за изградба на Ланжу неколку планини и села беа срамнети со земја.

 

10 јануари 2018 - 13:23