До сега натегањата околу тоа чија е Битката на Неретва главно беа меѓу Хрватска и БиХ. Во 2013, режисерот на филмот, Вељко Булајиќ, објасни дека филмот е во сопственост на Хрватска бидејќи единствениот договор што го има потпишано за снимање на филмот е со Јадран филм од Хрватска.
На ова реплицираа босанските власти кои тврдат дека филмот е во нивна сопственост што го аргументираа со договорот што Булајиќ го имал со тогашна Босна филм, според кој тие се продуценти на филмот, а Јадран филм е ко-продуцент. Уште еден аргумент за носечката позиција на Босанците е што Јосип Броз Тито го гледа филмот на премиерата во Сараево.
Се уште не е познато по која основа Словенија го бара филмот и каде има препознаено словенечки труд во него.
Освен овој филм, Љубљана го бара и „Задах тела“ на Живоин Павловиќ, како и уште 200 слики и скулптури, и десетици музејски предмети. Меѓу експонатите се и знамињата на словенечките единици од НОБ, радиостаниците од времето на италијанската окупација, партизански топ и санитетски материјал.
Српскиот став околу целата работа под а. е дека барањето на Словенците е „ултимативно и безобразно“, и под б. дека рокот за вакви работи изминал уште во 2006.
Ако ви се пригледа филмот: