„Ако британската влада се држи до одлуката да напушти, Брегзит ќе стане реалност - со сите негови негативни последици - во март следната година освен ако нема промена кај нашите британски пријатели.
Не беше ли Дејвид Дејвис тој што рече ’ако демократијата не може да го смени својот став, тогаш таа престанува да биде демократија’?“, порача претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.
Подоцна Туск го објави следниот твит:
Минатата недела муабетот за втор референдум дојде токму од најголемиот поборник за брегзит, Најџел Фараж, кој изјави дека се размислува околу втор референдум „ако тоа е начин да се замолчат плачковците од редовите на оние што се бореа за останување.“
Британската влада во повеќе наврати повторуваше дека нема да има втор референдум.
Паралелно со ова британската влада е под постојан притисок да го обелодени правниот совет што го има добиено за тоа дали тие можат сред преговори да се повлечат од спроведување членот 50 од Лисабонскиот договор, и да го продолжат своето членство во Унијата.
Лорд Кер, авторот на членот 50, изјавил дека повлекувањето е возможно, а сличен став неодамна искажа и францускиот претседател Емануел Макрон.
Ставот на луѓето кои уште се борат против брегзит е дека „процесот може да се прекине и поништи се додека Британија не излезе од Унијата“.