Во интервју за ирската телевизија Лиам Нисон го опиша целиот бран на обвинувања како да е од лов на вештерки а случаите на фаќање за гради како „детски работи.“
Зборувајќи за РТЕ, Нисон изјави: „има некои луѓе, славни луѓе, кои одеднаш се обвинети за тоа што допреле некоја девојка за колено, или такво нешто, и одеднаш тие ја губат својата работа и слично.“
Инаку, неделава фразата „лов на вештерки“ ја искористи е Кетрин Денев во едно заедничко писмо потпишано од повеќе Французинки, по што беше сериозно критикувана и нападната.
Нисон зборувал и за неодамнешниот случај со писателот и радиот водител Гарисон Кеилор, кој беше отпуштен од Минесота паблик радио, заради обвинувања за „непристојно однесување кон индивидуа која работела со него.“ Според верзијата на Кеилор (ниту МПР, ниту жената што го обвини не сакаат јавно да ги обзнанат деталите) тој е обвинет затоа што ја ставил својата рака на голиот грб на една жена:
„Имав намера да ја потчукнам по грб откако ми кажа дека е несреќна, а нејзината кошула беше отворена (на грбот), па дланката влезе околу петнаесетина сантиметри. Таа се тргна. Јас се извинив. Подоцна и испратив меил со извинување и таа одговори дека ми простува... Продолживме со пријателски однос се додека не ми се јави адвокатот.“