Мажите треба да можат слободно да им се пуштаат на жените

Вака вика Кетрин Денев и е една од 100-те Французинки кои потпишаа едно отворено писмо против новиот пуританизам кој се наметна после бројните скандали со сексуално малтретирање. Затоа што, замислете свет каде што некој прво треба да ви извади договор пред да ве залапа?

Во писмото се осудува тоа громогласно осудување на луѓето кои се само обвинети, не и осудени. И како и секоја силна изјава, и оваа наидува на ц'цкања, бидејќи група француски феминистки го осудија писмото за возврат и ги обвинуваат потписничките дека го тривијализираат сексуалното насилство.

А што пишува?

Потпишано е од жени – писатели, изведувачи и академици, објавено во француски Ле Монд во вторникот.

На пример:

„Мажите ги казнуваат со ставање во ист кош, ги бркаат од работа, а само допреле нечие колено, или се обиделе да украдат бакнеж,” е едно од размислувањата кои овие жени го потпишуваат. А нели, не сме сите истрауматизирани од едно фаќање за колено.

Понатаму,

„Силувањето е злосторство, но да се обидеш да заведеш некого, дури и ако си упорен, дури и ако е трапаво – не е. Ниту пак се работи за шовинистички напад кога мажот се однесува како џентлмен.”

Кај разумните се создава еден страв дека ни следи нов период на пуританизам, и тоа со право кога ќе размислиме колку често стана луѓето да си земаат за право да мислат дека некој ги напаѓа. Авторките на писмото сметаат дека иако е легитимно и потребно да се зборува против злоупотребата на моќ на мажите (и сите луѓе, може така?), константните обвинувања излегуваат од контрола.

Според нив, ова креира едно општо мислење за жените како немоќни, како постојани жртви.

„Како жени, не се препознаваме во овој феминизам, кој забегува од осудувањето на злоупотреба на моќта и веќе длабоко гази во омраза кон мажи и сексуалност.”

Кој го потпишува?

Денев е најпозната меѓу нив, иако и другите не се за фрлање: Кристин Боасон, конзервативната новинарка Елизабет Леви, па писателки, уреднички, уметници, вработени во медиуми и по универзитети, но и други професионалци во своето поле кои не ѝ се многу познати на пошироката француската јавност.

Писмото предизвика дебата во Франција – во средата група од околу 30 феминистки дадоа изјава, обвинувајќи ја Денев и нејзините истомисленички дека сакаат да го „затворат капакот” на скандалите што излегоа после Вајнстин и дека ги брукаат жртвите на сексуално насилство.

Францускиот Твитер е „нешто тажен дека жените не можеле да зборуваат со сопствениот глас” ама целава работа воопшто не стигна до трендинг, особено што, постарата генерација се плаши дека кампања како #MeToo се заканува со уништување на сексуалната слобода која едвај ја постигнаа во ’60-ти.

А Денев и не ја знаеме баш по некој активизам (ако не го сметате вечниот хвалоспев на палење цигара кај сака и кога сака), но сепак, минатата година ги осуди кампањите на социјалните мрежи против мажи обвинети дека нападнале жени.

Хаштагот во Франција на оваа тема е #Balancetonporc, или „пријави го твојот гаден старец,” како што пишува Бибиси.

А од нашите ултра писмени краишта, на темава, уште една шајка на ковчегот на македонското новинарство:

 

10 јануари 2018 - 15:30