За Кери Бредшо, Сара Џесика Паркер

Не знаеме дали е за оплакување или за радување веста дека со универзумот „Сексот и градот“ плус „И едноставно така...“ се заврши. Првото беше одлично. Второто го упропасти првото, не разбравме зошто, ама го гледавме. Сепак, целиот тој свет заслужува емотивно збогум.

Такво и приреди Сара Џесика Паркер кај неа на Инстаграм, преку поема за ликот што ѝ го обележа животот.

Таа
Преминуваше улици
Авении
Рубикони, се чинеше.
Таа
Кршеше срца
Штикли
Навики
Таа
Сакаше
Губеше
Добиваше
Се сопнуваше
Скокаше
Паѓаше на предизвици и во вирчиња
Старееше
Стана помудра.
Ги правеше
Најтешките
Најлошите и најдобрите одлуки
Патуваше блиску и далеку
За новото
Старото
Пријателите и љубовта.
Менуваше домови, временски зони, дечковци, мислења, чевлите, косата, но никогаш љубовта и посветеноста на Њујорк Сити.
Имаше
Состаноци
Пијачки
Дечковци
Сопруг и вистински големи љубови и романси.
Викаше таксија
Трчаше во штикли
И танцуваше со Стенфорд.
Ја кажуваше вистината и лажеше.
Куцаше
Се прашуваше
Пишуваше
Објавуваше
Жалеше
Простуваше
Ја извисуваа
Беше силна
Беше посебна.
Таа
Се посвети себеси на шапки, книги, чевли, пријатели и ветувањето за нов ден во нејзиниот сакан град и луѓето што најмногу ги ценеше.
Носеше срам, гордост, чест, оптимизам и безброј фустани, сукњи, тутуа.
Се држеше за раце, надежи и најдоброто во луѓето.
Миранда, Саманта и Шарлот, никогаш нема да има подобри пријателки и каква среќа имаше Кери да ја запознае и засака Сима и ЛТВ, божествени нови конекции.
Кери Бредшо доминираше со моето професионално срцебиење 27 години. Мислам дека ја сакав најмногу од сите.
Знам дека и други ја сакаа како мене. Се фрустрираа, ја осудуваа и навиваа за неа.
Симфонијата на сите тие емоции беше најубав саундтрак и најтраен придружник. Затоа е и најсентиментална и длабока благодарност и доживотен долг. Кон сите вас.
МПК и јас заедно препознавме, како што се случило во минатото, дека ова поглавје е комплетно.
ИЕТ беше радост, авантура и најдобриот вид напорен труд покрај најпрекрасни таленти, меѓу кои и брилијантните актери што ни се придружија.
Подобра станував со секој ден што го поминував со вас.
Вечност ќе помине пред да заборавам.
На сѐ.
Ви благодарам на сите.
Колку ве сакам.
Се надевам дека ќе ви се допаднат последните две епизоди колку и нам што ни се допаднаа.
Rabbit rabbit.
Xxx, СЏ

 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by SJP (@sarahjessicaparker)

5 август 2025 - 07:26