Мекгрегор може да остане без титула ако не почне во скоро време со борби

УФЦ веќе ги размислува своите следни потези доколку Ирецот не се врати во октагон. Последен пат УФЦ шампионот во лесна категорија се бореше во декември 2016.

Најверојатното решение ќе биде одземање на титулата на Мекгрегор бидејќи „појасот мора да продолжи понатаму“. УФЦ веќе ги имаат и имињата на двајцата борци кои најверојатно ќе се борат за преземање на титулата.

„Конор вели дека размислува да се врати во септември, а тоа е речиси две години (од последната борба) - и тоа не може да се дозволи.

Едноставно не е фер кон сите други. Го сакам Конор, го почитувам Конор, и сето она што тој го направи за компанијата, ама појасот апсолутно ќе мора да продолжи понатаму,“ изјави првиот човек на УФЦ, Дана Вајт, во интервју за Фокс спортс.

Во декември 2016 Мекгрегор ја имаше својата последна борба во УФЦ против Еди Алварез. Борбата ја заврши при крајот на втората рунда со комбинација од 4 удари кои го нокаутираа Алварез.

Додека Мекгрегор имаше излет во боксот, во УФЦ се појавија две негови потенцијални замени, меѓу кои е најверојатно дека ќе биде изборот за нов шампион во лесна категорија. Едниот е 29-годишниот Дагестанец Хабиб Нурмагомедов, а вториот е експертот во бразилско џуџицу Тони Фергусон. И Вајт потврди дека моментално работат на оваа борба, а „ако и кога Конор се врати, тој прв ќе добие шанса за борба за титулата.“

 

15 јануари 2018 - 17:12