Инфографик кој покажува која земја за колку дена ќе биде во ситуација идентична како онаа во Италија. А според ова, сите ќе бидат тоа за само 9 до 14 дена. Освен една земја. Јапонија да ја каже финтата!
Сумирањето на досегашната состојба на коронавирусот, Атлантик ја заокружува со кинеската одлука за забранување на сите видови јавни собири, и да побара од граѓаните во најпогодениот регион да се само-изолираат, по што ширењето на вирусот во земјата почнува да издишува.
Кинеската амбасада во Париз алармира дека измамници се претставуваат како полицајци и казнуваат кинески туристи низ градот заради носење заштитна маска против коронавирусот. Измамниците наплаќале по 150 евра казна. Таква казна не постои.
Еден од начините да ги збогатиш и нагласиш вкусовите на некое јадење е да му ставиш некаква животинска маст (млеко, сало, лој, путер...). За тие што одлучиле да се лишат од овие благодати на природата, алтернативата е - сол, и тоа многу.
Угледниот научен магазин Pоpular Science излезе со наслов „Зошто ковид-19 не може да го победи доброто миење раце“? А во статијата има еден живописен совет кој треба да се запамети: Мијте ги рацете како да се лупеле лути пиперки а треба на очи да ставате контактни леќи.
Тоа што честичките гума што летаат од тркалата на возилата не ти се воочливи на ист начин како издувните гасови е веројатно најголемата измама околу загадувањето што не ја забележуваме.
Млад пар се враќа дома во Нов Зеланд од одмор во Северна Италија. Девојката се враќа со коронавирус, дечкото без. Неколку дена подоцна дечкото оди на концерт во една од најголемите сали во новозеландски Оукленд.
Откако секој ќе направи виц за музиката што него не го бендисува, да појасниме дека се работи за многу посериозен проблем со аудио загадување во градовите и новите бројки се дека секој пети жител на ЕУ е изложен на штетно загадување со галама, односно тоа што не го ни чувствувате дека бучи насекаде околу вас се додека не отидете на планина или некоја пустелија. И ова само ќе продолжи да расте во иднина.
Како дел од мерките за предострожност за заштита од коронавирусот 80-милионската Турција се одлучи на ригорозни рестрикции на количините медицинска заштитна опрема што се извезуваат од земјата.
Главно нешто што треба да запаметите додека да пројде вирусот и паниката е дека миење раце (темелно) е многу поважно од тоа дали и каква маска ќе носите.
Во 2014 акциите на Њујорк тајмс се пред колапс, а компанијата има продадено речиси сè освен мебелот за да може да продолжи да работи. Денес медиумот е речиси недостижен за останатите новински организации во САД и тоа може да заврши лошо, пишува за Њујорк тајмс новиот колумнист на Њујорк тајмс, Бен Смит.
Ако се однесува како инфлуенца, пролетта навистина носи добри вести, со тоа што не треба да се заборава дека на половина од планетава допрва доаѓа зима. Бонус добри вести има за жените кои треба да му кажат фала на својот дупли икс хромозом.
Автомобилската индустрија оди во рикверц кога е во прашање справувањето со климатската криза, е заклучокот на ново британско истражување според кое сите сте запнати што поголема кола да купите.
Дечкото има направено куп пари на украдени коли иако самиот нема пипнато ни една. Зошто да се мачи да краде кога може само да продава алат за тоа? А со неговиот гаџет за само неколку секунди се влегува и се стартува Мерцедес, Аудио, Порше, Бентли, Ролс Ројс....
Сајенс е еден од најпрестижните научни магазини (го издава американската асоцијација за научен напредок) и проценува дека рестрикциите за патување веќе се неефикасна и неприменлива мерка. Сега попаметно е да се работи на ублажување на проблемот.
Над 30 лица загинаа во најсмртоносното религиозно насилство во Индија во последниве неколку децении, а делови од Њу Делхи и понатаму изгледаат како сценографија од граѓанска војна.
Коронавирусот лесно се пренесува. И не е претерано смртоносен. Релативно мал дел од заразените ќе умрат. Коронавирусот значи е прилично сличен на грипот. Токму заради тоа, голема е веројатноста дека ќе се пренесе насекаде низ светот, и ќе стане уште една сезонска болест. Во иднина на зима ќе се пазиме да не фатиме настинка, грип или COVID-19.
Со години Австралија води на листата држави со најскапи цигари, па моментално, во просек, тутунскиот курс е 1 евро - 1 цигара (просечна кутија со 20 цигари чини 35 австралиски долари, што е околу 21 евро).
Фудбалските асоцијации на Англија, Шкотска и Ирска ќе воведат нови правила за младинските категории според кои играњето со глава на тренинзи ќе биде забрането за сите играчи под 12 години.
Повеќекратниот Оскаровец зборува за тоа колку долго време го окупира темата на класните разлики и како не е оптимист дека наспроти сите смартфони што сите ги имаме, клучните разлики и јазови меѓу луѓето ќе останат да важат и во генерацијата на неговиот син. За работата со актерите вели дека им ги поедноставува ситуациите, за да можат тие од прва емотивно да ги уловат.
Маж од Калифорнија чија намера била да лета до границата меѓу Земјата и вселената за да види дали планетава е округла (или рамна) загина откако неговата направи-сам ракета беше лансирана и по неколку секунди се струполи назад на Земјата.
Не дека ќе заработите од поклоните, туку според министер на 260 милионската Индонезија решението за сиромаштија во земјата е сиромашните да се земаат со богатите, веројатно претпоставувајќи дека на сиромашните никогаш не им текнало вакво нешто.
Без да направат земјотрес (засега) на бушотина во Италија стигнале до една клучна геолошка граница меѓу тврдиот камен кој се наоѓа во горниот слој на Земјата и многу поразличниот состав под неа. Ако го најдат тоа што го бараат, во енергетска смисла, ќе најдат чисто злато.