
Безбедносен појас за автомобил прв има патентирано Едвард Џ. Клегхорн уште во 1885 година но првенствено служел за луѓе да не испопаѓаат од такси. Долги години и децении ќе минат откако појасите сериозно ќе влезат во игра. Во 1956 година, само 2% од купувачите на Форд ја земале опцијата со појас, која чинела 27 долари.
Пресвртен момент во таа историја е книгата на Ралф Надер, „Небезбедни на секоја брзина“ од 1965 година која уверливо покажува како произведувачите на автомобили свесно ја ризикуваат безбедноста на луѓето игнорирајќи ги сите мерки кои неа би ја зголемиле но истовремено би ја зголемиле и цената на производот. Темата станува национална и три години подоцна, Конгресот донесува закон по кој сите возила, освен автобусите, мораат да бидат опремени со појаси.
Прифаќањето воопшто не оди мазно. Во 1983 година, само 15% Американци редовно користат појас. Во 1984 година, Њујорк станува првата американска држава во која тоа станува задолжително во ситуација кога, според Галуп, 64% од Американците се противат на задолжителното врзување појас.
Денес се врзуваат 90% и единствена држава во која појасот не е задолжителен е Њу Хемпшир на чии регистерски таблички гордо стои слоганот „Живеј слободно или умри.“
Во меѓувреме, против појасите се потпишувале петиции, обврската се обжалувала како протиуставна, слично како што денес се толкува правилото за носење маски кое на многу места станува задолжително.
Еден од скорешните примери беше безбол играчот Обри Хаф кој во едно видео кое брзо стана вирално, крикна:
„Противуставно е да ме тераат да ставам маска. Мора да му ставиме крај на ова срање. Кој е со мене?“
Се разбира, наиде и на одобрување и на критики, вториве првенствено обоени со оценки дека е тоа неодговорно, дека ќе се зарази баба и другите стандарди аргументи.
Но, маските се тука и веројатно ќе останат уште долго време (ако СЗО не ни приреди уште некој коперникански пресврт). Во интересна статија на таа тема, Атлантик пишува дека ќе мора да смислиме како да живееме со смртоносниот вирус слично како што геј луѓето беа принудени да смислат како да продолжат со живеачката во првите години на сидата. Апстиненција од секс не е састаинбл опција a како што во кондомите се најде начин да се продолжи со сексуалната слобода, така и широката употреба на маски може да биде начин на кој ќе живееме нешто понормално во смисла на социјална и економска слобода.
Исмевањето и напаѓањето на луѓето кои не сакаат да носат маски веројатно нема да вроди со плод. Ниту пак казните кои полицијата ќе ги спроведува онаму кај што и ѝ е тоа најлесно, кај оние кои веќе се утепани (сиромаштија без врски и очекувана благонаклоност од службите). Напаѓањето на луѓето само ќе ги отера во тоа или да се здружат и јавно да се факторизираат или пак ќе ги одведе во илегала, да се дружат меѓусебе, во далеку порискантни аранжмани во смисла на ширење на короната.
Таква поука доаѓа и од некогашните реклами за кондоми во времето на АИДС. Оние позитивните кои го промовирале задоволството и слободата биле поефикасни отколку оние кои играле на картата страв, со умирачки, гробишта и сл. Накратко, оние кои одбиваат да носат маска ќе треба да се убедуваат, не да се присилуваат на тоа.
А во тоа друштво на бучни анти-маскери има баш питорескни ликови: