Се работи за жена од провинцијата Хеилонгџанг која на 19 март се враќа од патување во САД. Ова е 8 дена откако во областа е пријавен последниот случај на ковид-19.
Жената немала никакви симптоми на болеста и имала негативен тест при влез во Кина, но за секој случај сепак решава да се само-изолира дома.
Жената сама се вози во лифтот до својот стан, меѓутоа во некој дел од денот, сосетката под нејзе исто така го користи лифтот. На 29 март, сосетката е посетена од својата мајка и нејзиниот партнер, кои потоа биле на забава со друга група на луѓе. На 2 април, еден од групата добива мозочен удар и е однесен во болница, меѓутоа во тој момент нема јасна конекција меѓу него и жената вратена од САД па тој не е тестиран за ковид-19.
Кинезите успеваат дури подоцна да ги пофатат краевите и да откријат дека жената најверојатно го контаминирала лифтот во зградата, нејзината сосетка префатила ковид-19 од користење на лифтот, а мајката на сосетката и партнерот на мајката се заразиле кога биле кај нејзе дома. Тие подоцна го заразуваат и мажот што има мозочен удар, од кого се заразуваат и неговите двајца синови кои се грижеле за него додека бил во болница. Овие тројца заразуваат уште 28 лица во првата болница, а потоа кога таткото го префрлаат во втората болница таму заразуваат уште 20 лица.
Од сите овие, дечкото на мајката на соседот прв појавува симптоми на ковид-19 и е прв случај во кластерот што е позитивен на болеста.
Властите од него дознаваат дека сосетката неодамна патувала, па и таа повторно е тестирана, и тогаш кај нејзе се откриени антитела, што покажува дека таа претходно ја имала болеста.
На крај жената на свое конто има 71 заразен.