
Од 390 жители на селото Шулута 37 се заразени со ковид-19, а се верува дека една четвртина од соселаните имале контакт со заразените. Изворот на болеста е заразена жена која на 10-ти јуни спроведувала шамански ритуал во селото.
Откако инфото стига до локалните власти, тие се зафаќаат со копање на два длабоки ровови „кои формираат речиси целосен круг“ околу селото.
Наводно ровот не бил за селаните, туку за туристите кои минуваат низ Шулута на пат кон Бајкалското езеро. Туристите не биле пишманети од едниот ров, па затоа требало и втор ров да се ископа околу селото.
Моментално затворена е и единствената продавница во селото, а властите организираат дотур на храна за селаните.