Корона аутопсии: Приказна за 38 мозоци, 87 бели дробови и 42 срца

Бидејќи вакцината е долги месеци пред нас, аутопсиите на починати од ковид-19 даваат драгоцени сознанија што сè му прави болеста на телото и разните органи. Некои наоди се очекувано но некои сосема ги збунуваат медицинарите.

Она што ќе го научиме од мртвите може да им помогне на живите, пишува Бостон за сознанијата од неколку серии на специјализирани аутопсии изведувани на различни места во светот.

Ејми Рапкиевиц е патолог од Њујорк и во нејзините аутопсии забележала нешто што дотогаш не видела но ѝ се чинело познато: проверила во литературата и утврдила дека иста состојба била детектирана кај денга треската во 1960-тите гоодини: огромен број уништени крвни плочки што води кон згрутчување на крвта и неконтролирано крварење.

Заедничко за сите студии е дека вирусот најмоногу ги напаѓа белите дробови но патогени се најдени и во мозокот, бубрезите, црниот дроб, жолчката, цревата...

Згрутчувањето на крвта е еден од најопасните ефекти на болеста: американскиот доктор Ричард Вагнер има наоѓано илјадници мали грутки во белите дробови на починати и своите сознанија ги направи достапни на интернет и пред неговата студија да биде рецензирана, за да може медицинската заедница навремено да биде алармирана за оваа појава. Денес средства за разретчување на крвта се дел од стандардниот третман на ковид пациенти. 

Најенигматични теми се како вирусот ги пореметува срцето и мозокот. Според извештаи од Кина, меѓу 20 и 30 проценти од хоспитализираните пациенти доаѓаат до срцеви проблеми како што е миокардитисот кој може да води кон ненадејна смрт. Но, аутопсиите покажуваат дека не се работи за вообичаен миокардитис односно дека не се наоѓаат очекуваните траги од него. 

Уште позбунувачки и засега необјаснет е мозокот кај кој вирусот може да предизвика низа промени: од губењето на осетот за мирис и вкус, промени во менталниот статус, мозочни удари па дури и делириуми. Истовремено, аутопсиите на наоѓаат траги на сериозни воспаленија. Се претпоставува дека проблемите со прихранување на мозочните клетки со кислород започнуваат уште во најраната фаза на болеста. 

Според еден од последните модели на пандемијата, околу 22% од светското население (1,7 милијарди луѓе на планетава) можат да бидат подложни на жестока манифестација на болеста доколку се заразат со корнавирусот.  А според студија на Лансет, околу 4% од нив, односно речиси 350 милиони луѓе, ќе мора да бидат хоспитализирани.

2 јули 2020 - 14:54