А не дека научници и надлежни за јавно здравство не ги поттикнуваат и апелираат до Британците да носат маски („не носењето маски треба да се смета за антисоцијално како возењето пијан“), туку по ново и СЗО потврди дека има нови докази дека коронавирусот се пренесува преку воздух.
Британската академија истражува зошто и покрај вака силни референци, стандардно разбраните Англичани одбиваат носење маски, и за тоа се земаат предвид повеќе „социјално-бихевиорални фактори“.
Нивната почетна точка е дека кон крајот на април само околу 25% од жителите носеле маски на јавни места. Во истиот период во Италија просекот е 83,4%. И не дека во април било лабаво во Британија, бидејќи пикот за месецот достигнува 980 смртни случаи на ден.
Отприлика во овој период (на 28 април), владини научни советници порачуваат дека нивните последни информации се дека има „слаби научни докази за мало влијание“ на маските при пренесување на коронавирус од еден на друг. Ова се случува во исто време со глобалниот недостаток на заштитна опрема и страв дека нема да има доволно за здравствените работници.
Иако на 5-ти јуни СЗО го промени своите препораки и ги советуваше светските влади да поттикнуваат носење маски, единственото место на кое маските се задолжителни во Англија е јавниот транспорт. Според британските власти, јавниот транспорт „се разликува од затворени простори, на пример, како продавници, каде луѓето полесно можат да излезат надвор ако внатре не е возможно дистанцирање.“
Во сето ова не помага и самиот систем на владеење во Британија, во кој секоја држава има право сама да одлучи како ќе постапува со маските, па додека Северна Ирска и Англија имаат идентична политика - маски во јавен превоз, не и во продавници - Шкотска бара носење маски и во продавници, а во Велс тие не се задолжителни ниту во продавници, ниту во јавен превоз.
„Тоа што е јасно е дека не е вина на јавноста што во Британија не се носат маски. Туку, неопходни се конзистентни политики и ефикасни јавни пораки, кои не се уедначени ниту во Англија, Шкотска и Велс,“ објаснува Мелинда Милс од Оксфорд, која истражуваше зошто Британците не носат маски.
Пример, Борис Џонсон, кој беше хоспитализиран со ковид-19 и заврши на интензивна нега, дури минатиот петок прв пат носеше маска во јавност.