Април-мај 2012
Рудник за бакар во близина на Тонгуан, покраина Јунан
Шест рудари се заразуваат со пневмонија откако чистат измет од лилјаци во напуштен рудник. Дел од рударите работат две недели пред да се разболат, останатите само неколку денови. Симптомите се копија на симптомите на ковид-19: висока температура, кашлање, уморни екстремитети и проблеми со дишење.
Април-јуни 2012
Болница во Кунминг, покраина Јунан
Мажите се пратени на интензивна нега, меѓутоа двајца од нив, 63 и 42 години, умираат. Нивната болест ги збунува докторите. Преживеаните се тестирани за хеморагична треска, денга, јапонски енцефалитис, грип и САРС. Резултатите од сите тестови се негативни.
Лето 2012
Институт за вирологија во Вухан, покраина Хубеи
Примероци од крвта се испратени во Институтот за вирологија во Вухан, највисоката кинеска лабораторијата за истражување вируси. Примероците се позитивни за антитела на коронавируси налик САРС, што значи појава на нова нишка на вирус во рудникот. Умира и трет рудар, на возраст од 45 години.
Август 2012 - јули 2013
Рудник за бакар во близина на Тонгуан, покраина Јунан
Научници од лабораторијата во Вухан, предводени од Ши Женгли, со прекар „лилјак жена“, патуваат над 1600 километри до рудникот во обид да го најдат вирусот. Земаат фекални примероци од 276 лилјаци и ги пренесуваат до Вухан, во специјален раствор на -80 степени Целзиусови.
Февруари 2016
Институт за вирологија во Вухан, покраина Хубеи
Откриено е дека половина од лилјаците имале коронавируси, вклучително и една „нова нишка“ од семејството САРС. Ја нарекуваат RaBtCoV/4991. Во 2016, резултатите од нивното истражување се објавени во научна студија, меѓутоа во неа не се споменува фаталната болест на рударите.
Јануари годинава
Институт за вирологија во Вухан, покраина Хубеи
Институтот открива дека вирусот што го нарекува RaTG13 е најблизок роднина до ковид-19, со 96,2% генетска идентичност. Доказите покажуваат дека RaTG13 е ист со RaBtCoV/4991, откриен во 2013. Институтот не го споменува ова кога во јануари го објавува своето истражување.