Sweet covid Alabama

Студенти во Алабама почнаа да организираат журки на тема ковид-19, чија главна цел е да видат кој од гостите прв ќе се зарази.

Организаторите на забавите наводно намерно канат гости за кои се знае дека се заразени со ковид-19, а останатите се трудат што е можно побрзо да го префатат вирусот од кој до сега во САД починаа речиси 130.000 лица.

„Ставаат пари во сад и се обидуваат да фатат ковид. Кој прв ќе фати ковид ги зема парите. Ова е комплетно не разумно.

Намерно го прават ова,“ изјавила градска советничка од Таскалуса сити, каде се одржуваат забавите.

Ова беше потврдено и од првиот човек на пожарникарите во градот, Ренди Смит, кој имаше излагање пред градскиот свет.

„Во прво време мислевме дека е некоја шпекулација, па малку истраживме. Не само што докторите ни потврдија, туку и сојузните власти ни потврдија дека ја имаат истата информација,“ изјавил Смит.

Таскалуса е седмиот по големина град во Алабама со околу 90 илјади жители, и во него е сместен Универзитетот на Алабама и уште неколку колеџи.

До средата Алабама имаше 38.422 случаи на ковид-19, од кои 10.696 се од последните 14 денови.

2 јули 2020 - 11:06