
Неодамнешни студии сугерираат дека ширењето на ковид-19 е поврзано со промени во климата, поконкретно дека влажноста на воздухот го забавува распространувањето на коронавирусот.
Зголемената влажност значи дека виралните капки ќе бидат потешки и заради тоа нема да имаат толкав домет и ќе паѓаат побрзо на земјата или површините. Згора на тоа нашиот имун систем функционира подобро на повисока влажност а препораките на Агенцијата за заштита на околината е дома да се држи влажност од 40% до 60%.
Студии од ланската и оваа година проценуваат дека секој еден процент зголемена влажност на воздухот ја намалува трансмисијата на вирусот за 3%.
Во една јунска студија на климатските услови во 50 града во светот се споредувале климатските податоци од 8 града во кои е регистирана висока стапка на заразеност, со оние од 42 града кај кои тоа не се случило. Сите 8 града (иако се работи за различни краеви на светот, од Вухан до Париз, Сиетл и Мадрид) се наоѓаат на ист широчински појас и се одликуваат со мала влажност на воздухот. Истражувачите сметааат дека тоа не е случајност и дека во овој елемент веројатно се кријат уште доста информации кои можат да бидат драгоцени во борбата против пандемијата.