Трудот го објавува Американскиот центар за контрола и превенција на заразни болести и резимето е ова:
Што веќе се знае за оваа тема?
Се знае дека конзистентна и правилна употреба на ткаенина за покривање на лицето е препорачана практика за намалување на преносот на SARS-CoV-2.
Што е додадена вредност на овој извештај?
Меѓу 139 клиенти изложени на две симптоматски стилист(к)и со потврден ковид-19, во ситуација кога и фризерките и клиентите носеле маски, не е регистриран ниту еден секундарен симптоматски случај на болеста. Од 69 муштерии кои биле тестирани на SARS-CoV-2, сите тестови биле негативни.
Кои се импликациите за јавното здравје?
Во време кога се укинуваат одредбите за седење дома, професионалните и социјалните интеракции во зедниците ќе отворат повеќе можности за ширење на коронавирусот. Поширока имплементација на политиките за покривање на устата и носот можат да го намалат ширењето на болеста меѓу општата популација.
* детали за случајот - овде.
*******
Инаку, како и сè друго, и носењето маски се исполитизира како прашање, па скептицизмот околу нивната ефикасност, помогнат од мешаните пораки од политичари и јавни лица, остави голема конфузија меѓу општата популација.
Такви дилеми нема Роберт Редфилд, директор во СЗО (знаеме дека СЗО има слаб кредит ама па кој ни останува да цитираме, ФБ зналци?):
„Ако некако успееме да ги убедиме сите да носат маска, мислам дека за 4, 6 или 8 недели ќе ја ставиме епидемијата под контрола.“