Дополнувањето на Академијата делумно е редовно надополнување на членството, делумно се должи на критиките од минатата година дека составот на Академијата е премногу бел.
Претходно, на почетокот од месецот Академијата објави дека трајно ја проширува категоријата „Најдобар филм“ на 10 кандидати, во надеж дека тоа ќе придонесе за поразнолики номинации.
Меѓу новите членови се Ева Лонгорија, Зендаја, Аквафина, Џон Дејвид Вашингтон и Констанс Вус. Тие како и останатите 814, ќе имаат право да гласаат за Оскарите уште веднаш.
Академијата има над 8.000 членови, а само во последните три години се додадени 2.000 нови членови. Пребројувањето на членовите во 2018 покажало дека 16% од нив се луѓе што не се белци. Во 2015 ова беше само 8%.
Во останатите бројки, 49% од новите членови се од надвор од САД и заедно претставуваат 68 држави.
93-те Оскари ќе се одржат на 25 април 2021, два месеца подоцна од вообичаеното заради влијанието што ковид-19 го има врз филмската индустрија.