Живот и забава

Блек Сабат, Оревокршачката на нашето време

Кралскиот балет во Бирмингем подготвува балетска претстава со музика од Блек Сабат. Идејата да се избуричкаат два жанра кои се чинат неспоиви е на уметничкиот директор од Куба. Уште Пики Блајндерс да можеа да бидат обезбедување, ќе беше сеир да се посматра како во публика ќе се спојат фановите на Блек Сабат и на балетот.

Ќе се истребиме прво себе, или прво нив?

41% од нашите екосистеми се на раб на колапс, предупредува истражување спроведено во САД. Сè повеќе животни и растенија што го одржуваат здравиот животен баланс на Земјата се во ризик од истребување, а без нив, и ние нема долго да издржиме.

Како СЗО стана зависна од Бил Гејтс

Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс - која се држи стамено иако нејзините основачи се разведоа после 27 години брак - призна дека било грешка што зазеле толку голема улога во Светската здравствена организација. Покрај сите оние пребогати држави на светов, оваа фондација е втор најголем донатор на СЗО.

Прво ќе те тераат да носиш маски, после ќе ти зборат дека си ружен што ги носиш

Грдите (официјално „неатрактивните“) луѓе е многу поверојатно да сакаат да продолжат да носат заштитни маски и по завршувањето на ковид пандемијата, за разлика од оние кои не мора да се кријат зад пандемијата.

Инекција која те напалува

Хормонот кој природно се појавува и ги прави луѓето да се чувствуваат сексуално напалени, научници успеале да го претворат во инекција за оние кои имаат проблем со либидото. И не само напалени, туку се чувствувале и попривлечно. Оф, кој ќе ги трпи таквите.

Како идеолозите се инфилтрираа во американската уметност

Она што кај нас се вика рамковни квоти и „балансер“, во САД е диверзитетот и инклузивноста. Не само што се инсистира на одредена боја на кожа, туку мора и јавно да се демонстрира приврзаност кон догмата. Многу уметници сведочат за оваа атмосфера, само што во својата слободарска Америка, се плашат да си го кажат името.

Сѐ што е гага има крај

До март минатата година вработените на Мета во Њујорк, освен платата добиваа и гага храна со можност и за дома да си пакуваат, гага превоз до врата, па дури и гага перење алишта. Во март работите почнаа да изгледаат како некој да го прегледал цехот за сето ова.

Ако овој добие, има надеж за многумина

Решил да ја тужи „жената на својот живот“ откако таа му рекла дека го гледа само како пријател. Значи, корпа. Со ваквото нејзино гледање на работите, му нанела траума и депресија. Плус, туку по некое време таа ги отфикарила сите контакти со него. И како да не ја тужи и да ѝ бара 3 милиони долари?

Луковиќу, среќен роденден!

Петар Луковиќ (Џубокс, Ферал, Е-новине, XXZ...) долго време бие битка со карцином и досега има минато преку 20 хемотерапии. Еден од главните сојузници му е музиката па за својот роденден составил топ-листа на песни од пејачки кои го одржувале во ментална рамнотежа додека поминувал низ тешките моменти. Држ се, маестро.

Да, вирусот ќе да е од лабораторија

Автори на два извештаја за Обединетите наци за потеклото на пандемијата напишаа дека истекување од лабораторија е најверојатна причина за нашата средба со ковидот. И не само тоа. Ги обвинија научниците од САД и Британија дека ѝ помогнале на Кина да ја задуши дебатата по ова прашање.

Климатскиот активизам мириса на култ

Една од најпознатите лица на англискиот климатски активизам, сведочи како во тие организации им се перат мозоците на членовите, наведувајќи ги на секакви глупости „за да ја спасат планетата Земја.“ Некои од младите се толку убедени дека нè чека апокалипса што се сигурни дека нема да доживеат ни 30 години. Кутри.

#НаТочак #ПодВода

Додека ние со децении не успеваме да ги решиме стратешките проблеми на Скопје, на пример тоа што имаме премалку канти за отпад а премногу улични кучиња, Холанѓаните изградија подводна гаража со 7.000 паркинг места. Ниедно за автомобил. 

Има работа, на кој му се спие

Постојат различни начини да се заработат 1.000 долари, и за секој од нив потребни се различни вештини. За ова што го нудат истражувачи од Америка, доволни се само две карактеристики: да ви се спие и да ви се јаде кашкавал. 

За Базфид ќе пишува вештачка интелигенција

Базфид решија да користат вештачка интелигенција за создавање медиумски содржини откако ГПТ добро се покажал кога му дале задача да напише нешто „во нивен стил“. Кога дел од македонските портали би побарале од ботот да напише нешто „во нивен стил“, овој веројатно би ги потпрашал „Да направам копи/пејст од некое друго место?“

Премијата се троши додека си жив

Почина добитникот на рекордната европска лотарија со џекпот од 257.6 милиони долари. Но, барем успеа, додека беше жив, да списка 50 милиони од добивката, свесен дека нема да ги носи в гроб. Само што, уште повеќе пари доби неговата сопруга, со самото тоа што се разведе од него.

Антистрес терапија: искрши сè што можеш

Нервозни заради метежот во сообраќајот, незгодниот шеф, колегите на работа, лошиот брак, беспарицата, или други животни проблеми? Некогаш ви доаѓа сè да искршите? Ако немате некое полокално решение, тогаш трк до Загреб.

На бебињата ќе им кратат од оловото

Американската агенција за храна и лекови предлага нова регулатива со која драстично ќе се намали дозволената количина олово во бебешката храна. Кое се најало, се најало.

Нацистичка мапа инспирирала лов на богатство во Холандија

Рачно нацртана мапа со црвени ознаки, кои наводно покажуваат каде се наоѓа богатство закопано од нацистите инспирирала навала ловци на богатство во холандското село Омерен. Властите го забраниле ловот едно заради мир на тамошните жители, друго затоа што како поранешен дел од фронтот околу селото има закопани и неексплодирани мини и гранати.

Нема пари во медиуми, а ни мерак

На најбогатиот човек на светот, Џеф Безос, му се смачи да се мафта со тој еден медиум што го има, Вашингтон пост, и реши да го продава. Парите му требаат за поинтересни работи кај што нема да треба да си ја лупа главата со новинари, ќе купува НФЛ клуб.

Пијан возач ги тужи оние што го служеле

26-годишната Даниела Леис мртва пијана била исфрлена од концерт на Мерлин Менсон. Таква влегла во кола да вози и по пат удрила во куќа, оштетувајќи цефка за гас, што предизвикало експлозија која оштетила четири други куќи и повредила седум луѓе. Леис ништо не негира од ова освен дека таа не е виновникот.

Рик Рубин: Труп сум на миксета и немам појма од музика

Освен Квинси Џонс, веројатно нема поголем продуцентски ѕвер од Рик Рубин. 9 Греми награди, работење со тешкаши како Ред Хот Чили Пеперс, Металика и Џони Кеш. Сите се убедени дека многу знае музика. Тој одговорно тврди дека не е така.

Ќе лечиме стрес со екстази

Соочени со сериозна криза на менталното здравје, американските власти станаа сè поотворени кон истражување на лековитите својства на опојките. Први во редот психоделици што „чекаат“ дозвола за медицинска употреба се псилоцибинот и МДМА. 

ЕУ планира да јаде штурци

Една година и нешто откако Економист пишуваше дека глобалното производство за храна ја задушува планетава и ги исцрпува нејзините реруси а еден од проблемите е што западните луѓе се премногу гадливи на поинаква храна, во листата на дозволена храна, ЕУ ги додаде штурците.

Како лобистите од појадокот направија најважен оброк во денот

Човек кој живее на автопилот следејќи го она што го пишува во медиуми, може да се убеди дека сите препораки за исхраната и здравјето се резултат на чиста наука и напредокот во сознанијата. ОК. Знаете ли дека човекот кој го измисли „лесниот оброк со житарици“ е истиот човек кој веруваше дека најголемо зло е мастурбирањето?