Анализата се базира на здравствените досиеја на речиси 400.000 возрасни кои немаат никакви позначајни долгогодишни болести, а целта била да се открие дали секојдневното консумирање мултивитамини го намалува ризикот од смрт во следните две децении.
Резултатот бил не само што не живееле подолго, туку луѓето кои секој ден земаат мултивитамини било маргинално поверојатно да умрат за време на студијата отколку оние кои не земале.
За научниците е проблематична популарноста на мултивитамините и суплементите, и нивната распространетост бидејќи нивната корисност не секогаш е поддржана од студии, а во одредени случаи може да биде и штетна. Пример, иако природните извори на бета-каротен можат да заштитат од рак, бета-каротен суплементите можат да го зголемат ризикот од рак на бели дробови и срцеви заболувања. Или пак, железото кое се додава во мултивитамините може да доведе до преголема доза на железо во организмот и да го зголеми ризикот од кардиоваскуларни болести, дијабетес или деменција.
Американските научници од Националниот институт за рак во Мериленд, објаснуваат дека разликата во зголемената смртност кај лицата кои земаат мултивитамини (4% плус во однос на оние кои не земаат), може не е причинета од штетноста на мултивитамините туку заради тоа што луѓето обично почнуваат да ги земаат суплементите откако ќе развијат сериозна болест.
Професорот по медицина на Џорџ Вашингтон универзитетот и ко-автор на коментарот објавен со студијата, др. Нил Бандард, објаснува дека витамините се корисни во одредени случаи.
„Историски, морнарите се спасувале од скорбут благодарејќи на витаминот Ц, додека бета-каротенот, витамините Ц и Е, и цинк се покажало дека ја успоруваат дегенерацијата на мускулите предизвикана од стареење, состојба која може да доведе до сериозно влошување на видот,“ пишува Бандард.
Неговиот став е дека мултивитамините претеруваат со ветувањата а ништо не испорачуваат, „главната поента е дека мултивитамините не помагаат, едноставно науката не ги поддржува.“
Наместо мултивитамини, Бандард препорачува јадење здрава храна која „може да обезбеди голем опсег на микро и макро хранливи состојки и влакна, а во исто време да се ограничат заситените масти и холестеролот.