Хилари Кас е британски педијатар која во април објави студија за услугите за родов идентитет за деца и млади, нарачан од државата, во кој, врз основа на докази се фрла сомнеж околу родовата медицина кај младите.
Ова го натера Светското професионално здружение за трансродово здравје (WPATH), организација на лекари и практичари кои обезбедуваат услуги на транс лица, надмено да реплицира дека нивните упатства биле засновани на „многу посистематски прегледи“.
Меѓутоа, благодарејќи на еден судски случај (забраната за трансродова медицина за млади во Тенеси која ја разгледува Врховниот суд) се обелоденуваат докази дека на тоа поле не е сè чисто.
Се дозна дека кога луѓето од WPATH преговарале со Хопкинс универзитетот за студии кои сакале да ги нарачаат, имале јасна желба да ги контролираат истражувањата и да имаат завршен збор во нивните резултати.
Тие инсистирале дека истражувачите да „не можат самостојно да ги објавуваат своите наоди“ и дека податоците не можат да се користат без нивно одобрение.
Од Хопкинс тоа го гледаат како обид за прекумерно влијание на нешто што треба да биде независен процес. Џон Јоанидис од Универзитетот Стенфорд, коавтор на упатства за систематски прегледи, вели дека ако спонзорите се мешаат или им се дозволи да стават вето на резултатите, тоа може да доведе или до пристрасни резимеа или до потиснување на неповолните докази.
Па сепак, откако започнала соработката околу нарачка и реализација на истражувања, истражувачите доставиле шест систематски извештаи. Од нив, светлото на денот го има видено само еден.
Не е тоа најлошото а притисок не прават само WPATH туку се прави и на нив. Економист пишува дека Рејчел Левин, транс-жена која е асистент секретар за здравство ги притиснала WPATH, од своите протоколи да ја остранат минималната возраст за третман на деца.