Небинарниот на Бајден избегна затвор

Сем Бринтон, своевремено првата нон-бајнери личност со лидерска позиција во администрацијата на Бајден (во Департментот за енергетика, одделот за нуклеарен отпад) нема да лежи затвор поради неговата навика од аеродром да заминува со туѓи куфери. Не му е првпат, третпат му е. Договорот е да ја врати облеката, да се извини и да замине на третман за ментално здравје. 

Бринтон третпат избегнува затворска казна поради крадење куфери на аеродромски карусели. Тоа е нешто што може на човек да му донесе и 20 годишна казна затвор, но судија во Вирџинија му понудил галантна понуда да го преквалификува делот и да замине така штоп ќе ја врати робата, ќе го признае делото (фатен е на камери, што има да признава), ќе се извини и ќе замине на третман за ментално здравје.

„А толку мерак за дотерување“, пишавме во статијата дека Бринтон носи крадена облека откако украдено куфер со облека на танзаниската модна дизајнерка Асја Камсин.

Бринтон е биолошки маж кој се идентификува како небинарен и сака да му се обраќаат со they-them.

За да го задоволиме тоа барање, за него првпат пишувавме вака:

Сем првпат беа обвинети во октомври, за кражба на „Вера Бредли“ ташна од аеродромскиот багажен карусел во Минеаполис. Рекле дека по грешка ја земале ташната, дека нивната останала во хотел....

Вторава кражба на багаж вреден меѓу 1.200 и 5.000 долари заради која е покрената тужба е и постара, се случила во јули, но досега Сем не биле идентификувани. Ги издала една нивна маица со знакот за атомска енергија - во боите на виножитото.

Сем имаат дупли мастерс од МИТ, се залагаат за ЛГБТ+ права, гласно беа против конверзиони терапии, многу сакаат мода и на Оскарите 2018 се сликаа со Чедвик Боусман.

 

5 јули 2024 - 13:27