Какво време е ова да се живее, кога поранешен вработен во Канцеларијата за нуклеарна енергија при Американскиот оддел за енергетика е обвинет за кражба на багаж и тоа два пати?
Танзаниската модна дизајнерка Асја Камсин го обвинува Сем Бринтон дека носи облека која нејзе ѝ била украдена од куфер во 2018. Сподели и фотографии од себе како носи еден модел, кој потоа го има на Бринтон.
Објаснува дека летала до Вашингтон ДЦ за да оди на настан на кој била поканета да ја изложи облеката. И не можела да учествува затоа што багажот ѝ го изгубиле. Поднела барање кај авиопревозникот за да ѝ се лоцира куферот, кој содржел скапи алишта, чевли, накит и лични работи.
По некое време, забележала фотографии каде што Бринтон носи облека слична со таа што ја изгубила. Поради ова, поднела жалба во полиција во Хјустон.
„Полицијата веројатно го има пратено случајот во ФБИ во Минесота,“ рече сопругот на Камсин за Фокс Њуз. „Се јави човек, рече јас сум од ФБИ, работам на случајов. Потоа, жена ми му даде информации и веќе ништо не слушнавме.“
ФБИ одбива да коментира, поради политиката да не потврдуваат, ниту да одрекуваат истраги.
Бринтон сè уште не е официјално обвинет. На Википедија пишува дека повеќе не е на таа позиција кај Бајден „откако бил два пати обвинет за кражба на багаж“.
Па, барем да знаеше да ги носи.