Човекот на Бајден за нуклеарен отпад украл(е) авионски багаж. Пак.

Против Сем Бринтон, еден од првите луѓе на одделот за нуклеарен отпад на американската администрација е подигнато обвинение за кражба на куфер од аеродром во Лас Вегас. Насловот вели „пак“, затоа што не му е првпат. А за она чудно „е“ во заграда, ќе се објасниме подолу.

Сем Бринтон е првата отворено нон-бајнари индивидуа која има лидерска позиција во американската федерална власт. Затоа е онаа множина во насловот, затоа што по свое видување, Сем е „тие“, како и што го пишуваат американските медиуми. 

Да пробаме така и ние:

Сем првпат беа обвинети во октомври, за кражба на „Вера Бредли“ ташна од аеродромскиот багажен карусел во Минеаполис. Рекле дека по грешка ја земале ташната, дека нивната останала во хотел....

Вторава кражба на багаж вреден меѓу 1.200 и 5.000 долари заради која е покрената тужба е и постара, се случила во јули, но досега Сем не биле идентификувани. Ги издала една нивна маица со знакот за атомска енергија - во боите на виножитото.

Сем имаат дупли мастерс од МИТ, се залагаат за ЛГБТ+ права, гласно беа против конверзиони терапии, многу сакаат мода и на Оскарите 2018 се сликаа со Чедвик Боусман.

11 декември 2022 - 12:20