Монт Еверест не може да се дочисти од ѓубре

Екипи на Непал, составени од војници и шерпи/шерпаси имаа задача оваа пролет да го исчистат највисокиот алпинистички камп на Монт Еверест. Работеле тие цела сезона со една третина кислород колку што му треба на човек и на крај порачаа дека, за да ја завршат работата, ќе им бидат потребни уште години.

Државните екипи успеале да отстранат 11 тони ѓубре, четири замрзнати тела и еден скелет од последниот камп на Монт Еверест на кој човек застанува пред да се искачи врвот.

Првиот човек на шерпите проценува дека во кампот и околу него има уште околу 40 до 50 тони ѓубре.

Ѓубрето оставено таму се состои претежно од стари шатори, пакувања за, боци со кислород, јажиња.... Сето тоа замрзнато во слоеви на 8.000 метри надморска височина, на која се наоѓа кампот.

Ѓубрето потекнува главно од постарите експедиции бидејќи во последно време, властите инсистираат алпинистите да го земат со себе и она што веќе не им треба.

Главен предизвик за чистење се условите бидејќи на висина на кампот, нивото на кислород е околу една третина од нормалното количество а ветровите можат брзо да се претворат снежна бура. Особено било тешко вадењето на телата од мразот. Нив прво ги носеле во поголеми санти мраз на пониските делови па подоцна ја довршувале работата.

Монт Еверест првпат е освоен во 1953 година.

11 јули 2024 - 13:00